Во новиот број на S-Work No.103 може да прочитате:
- И луѓето со попреченост имаат потреба од секс
Како и сите други, лицата со попреченост имаат сексуални потреби. Сексуалното изразување е основен дел од човековото битисување, а попреченоста не ја намалува сексуалната желба, ниту нивната потреба за блискост. Децениски истражувања покажаат големи придобивки од сексот, кои вклучуваат подобрување на физичкото здравје, квалитетот на животот и психолошката благосостојба.
- Искрено интервју со сексуална работничка од Македонија-дел 2
Во продолжение можете да го прочитате вториот дел од интервјуто со сексуална работничка од Македонија со која опфативме најразлични аспекти на сексуалната работа.
- OnlyFans – нов облик на сексуална работа
За многу сексуални работнички нивните работни места за време на пандемијата се чинеа многу опасни. Средбите со клиентите претставуваа потенцијална опасност за инфицирање со вирусот. Затоа, многу од нив се свртеа кон оваа дигитална платформа. Теоретски, секој може да користи OnlyFans, но доколку сте сексуален работник/-чка оваа платформа е одлична шанса за заработувачка, без губење премногу време.
- Се одбележа Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица
На 31-ви март, како и секоја година, на глобално ниво се одбележа Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица.
Целата содржина на S-Work No. 103 можете да ја прочитате/симнете ТУКА