Во новиот број на S-Work No.102 можете да прочитате:
- Зошто сексуалните работници го слават 3-ти март?
Овој ден се одбележува од 2001 година, кога над 25,000 сексуални работници се собраа во Индија на фестивал на сексуални работници, и покрај големиот отпор на одредени групи кои се спротиставуваа на сексуалната работа и се обидоа да го спречат одржувањето на фестивалот со притисок врз властите. Настанот беше организиран од страна на Комитетот Дурбар Махила Саманвеја, група со седиште во Калкута, која има над 50,000 членови, кои се сексуални работници и нивни поддржувачи.
- Искрено интервју со сексуална работничка од Македонија
Сексуална работничка од Македонија одговара на прашања поврзани со првото искуство како сексуална работничка, разграничувањето на приватниот љубовен живот со сексот за пари, најчестите фантазии на клиентите и други прашања на кои дава искрени одговори.
- Мајка на три деца се соочува со дискредитација поради нејзиниот OnlyFans профил
44-годишна мајка на три деца тврди дека другите родители ја малтретирале во училиштето на нејзините деца поради нејзиниот популарен профил на социјалната платформа OnlyFans. Мајката од Северна Калифорнија, Тифани Поиндекстер е позната како „Госпоѓа Поиндекстер“ на платформата OnlyFans. Таа тврди дека нејзиниот профил и носи приближно 150,000 долари месечно преку пристап до нејзини фотографии и видеа, сите направени од нејзиниот сопруг.
- Познати личности кои во минатото работеле како сексуални работници
Дознајте кои познати личности се занимавале со некој вид на сексуална работа пред да станат познати личности.
Целата содржина на S-Work No. 102 можете да ја прочитате/симнете ТУКА