Во новиот број на S-Work No.101 можете да прочитате:

  • Револуционерна пресуда во полза на сексуалните работнички

Највисокиот швајцарски суд донесе пресуда со која утврди измама на клиент кој не и платил на сексуална работничка за услугата. Пресудата е поздравена како значајна промена во судската пракса за сексуалните работници, кои преку овој случај се здобија со заштита во рамките на системот на кривична правда.

  • Сексуална работничка открива како е да се работи на денот на вљубените

„Денот на вљубените може да биде тежок момент за чувствителните луѓе. Тогаш им ја давам целата моја поддршка на клиентите. Исто како што некое лице би ангажирало лекар за да оздрави од грип, така и моите клиенти ми плаќаат за емотивно да го „преживеат“ овој ден – открива сексуална работничка од Невада, САД

  • Ковид 19 придонесе луѓето да гледаат повеќе порно од вообичаеното

Најголемата веб-страница за порнографија во светот, Pornhub, објави исклучително зголемување на интернет сообраќајот. Забележан е скок од 18% над нормалните прегледи откако сајтот ја направи својата премиум содржина бесплатна за 30 дена за луѓето кои остануваат дома

  • Мода инспирирана од фетиши

Чевли со високи потпетици, таканаречени kinky чизми, корсети, долна облека и облека од кожа или гума се едни од најчестите фетиши со облека. Понекогаш се комбинараат и поединечни парчиња облека: на пример, црн кожен корсет може да се носи со чизми со високи потпетици и високи кожни ракавици.

Целата содржина на S-Work No. 101 можете да ја прочитате/симнете ТУКА

Tags: ,