Подесувања за колачиња

Користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да навигирате и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња под секоја категорија на колачиња.

Колачињата што се категоризирани како „неопходни“ се складираат на вашиот интернет прелистувач бидејќи тие се есенцијални за овозможување на основните функционалност на веб-сајтот.... 

Секогаш активни

Неопходните колачиња се потребни за да се овозможат основните функционалности на овој веб-сајт, како што се обезбедување на безбедно најавување или прилагодување на вашите преференции на согласноста за колачиња. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци што може да ве идентификуваат.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето одредени функционалности како споделување на содржините на веб-сајтот на социјалните мрежи, прибирање повратни информации и друго.

Аналитичките колачиња се користат заради добивање увид во и разбирање на интеракцијата на посетителите со веб-сајтот. Тие помагаат во прибирањето статистички податоци, како на пример бројот на посетители, демографски податоци за нив, изворот на интернет сообраќајот до нашиот веб-сајт, итн.

Перформансните колачиња се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси на перформансите на веб-сајтот што помага во испорачувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Рекламните колачиња се користат за да им се овозможат на посетителите прилагодени реклами врз основа на страниците што претходно ги посетиле и за анализа на ефикасноста на рекламните кампањи.

Во новиот број на S-Work Nо.123 можете да прочитате:

17-ти декември – Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници

Оваа година, СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, одбележува јубилеј – 15 години Марш на црвените чадори со слоганот 15 ГОДИНИ КОЛЕКТИВЕН ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ НАС.

Овогодинешната кампања ја посветуваме на 15 годишниот јубилеј, преку ретроспектива на изминатите маршеви на црвени чадори, на сите наши успеси, постигнувања, јавни пораки и барања, но и предизвици и проблеми со кои сме се соочувале низ годините во борбата против насилството и дискриминацијата.

Историја на Маршот на црвените чадори во Скопје

Црвената е боја на љубовта, а чадорот е симбол на заштита од надворешните влијанија. Токму заради ова, црвениот чадор е присвоен како симбол на сексуалните работници и ја симболизира заштитата од злоупотребите од страна на полицијата и клиентите, како и осудата во конзервативните и стигматизирачки општества. Црвениот чадор го симболизира отпорот против насилството врз сексуалните работници и борбата за нивните еднакви човекови права.

Во Скопје за првпат црвениот чадор како симбол за борба против насилството врз сексуалните работници е промовиран на 17-ти декември 2007 година, кога ХОПС – Опции за здрав живот Скопје заедно со луѓе од заедницата на сексуалните работници, активисти и поддржувачи, за првпат иницираше и организираше улична акција со цел одбележување на Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. На овој ден илјадници сексуални работници ширум светот здружено маршираат по улиците и се борат против насилството, стигмата и дискриминацијата во сите сфери од нивното живеење, лошите политики и закони, при тоа барајќи ги своите права и заштита.

1-ви декември – Светски ден на СИДА

Според податоците од УНАИДС за глобалниот одговор на ХИВ, во текот на последните две години од пандемијата на КОВИД-19 и другите глобални кризи, напредокот против пандемијата на ХИВ е забавен, ресурсите се намалени, а како резултат на тоа се загрозени милиони животи.

Веќе четири децении од светскиот одговор на ХИВ, нееднаквостите сè уште постојат за најосновните услуги како тестирање, третман и пристап до кондоми, а уште повеќе за новите технологии.

Зголемените трошоци за живот принудува се повеќе жени на сексуална работа и прифаќање опасни клиенти

Глобалната економска криза и зголемените трошоци за живот ја загрозуваат безбедноста на сексуалните работници со тоа што ги принудуваат да прифаќаат потенцијално опасни клиенти чии барања претходно би ги отфрлиле, предупредуваат учесниците во кампањата која ја водат од Англискиот колектив на сексуални работници.

Целата содржина на S-Work No. 123 можете да ја прочитате/симнете ТУКА

Tags: