Во новиот број на S-Work Nо.122 можете да прочитате:

Европска коалиција за права и вклучување на сексуалните работници

На последниот ден од Конгресот на сексуални работници кој се одржа во Брисел (од 11-ти до 13-ти  октомври 2022 година), претседателката на ИЛГА Европа, Евелин Парадајс ја најави новата Европска коалиција за права и вклучување на сексуалните работници. Коалицијата ја сочинуваат 15 граѓански организации и мрежи на европско и глобално ниво кои делат исто мислење – криминализацијата не претставува решение.

Извештај на Systematic Justice: „Обелоденување на системски (не)правди: Преглед на заедницата“

„Обелоденување на системски (не)правди: Преглед на заедницата“ преставува извештај кој ги споделува наодите од опсежниот консултативен процес спроведен помеѓу засегнатите групи и организации ширум Европа кои работат на шест меѓусебно поврзани области: климатска правда, пристап до правда, полиција, социјална заштита, антирасизам и слободно движење. Извештајот е спроведен од страна на Systemic Justice, првата организација предводена од луѓе со различна боја на кожа во Европа, која работи на судски спорови водени од заедницата за расна, социјална и економска правда.

Сексуалните работници се залагаат за своите права во Европскиот парламент

Сексуалните работници го потенцираат негативното влијание на криминализацијата на сексуалната работа врз лицата инволвирани во сексуалната работа. Со криминализација на сексуалната работа не се намалуваат потенцијалните штети со кои се соочуваат ранливите луѓе, туку напротив, се влошува нивната финансиска несигурност, се зголемува нивниот ризик да доживеат насилство и го попречува нивниот пристап до правда и здравствени услуги.

Историја на активизмот на сексуалните работници во Европа и светот

Храброста и отпорноста на сексуалните работници игра голема улога во многубројните борби за слобода. Во 50-ите години од минатиот век, сексуалните работници биле дел од активистичкото движење познато како Мау Мау, кое довело до ослободување на Кенија од Британската колонијална влада. Во 60-ите и 70-ите години од минатиот век, сексуалните работници учествувале во бунтот кренат во неколку кафулиња во центарот на Њујорк за ослободување на ЛГБТИ заедницата во САД. Во време на брзи општествени промени, сексуалните работници често се наоѓале во центарот на голем број протесни акции.

Целата содржина на S-Work No. 122 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.

Tags: