Во новиот број на S-Work Nо.114 може да прочитате:

  • 3-ти март – Mеѓународен ден на правата на сексуалните работници

Како и секоја година, по повод одбележувањето на 3-ти март – Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, ние, сексуалните работници се приклучуваме на глобалното движење во борбата за социјална правда и почитување на правата на сексуалните работници, како во Република Северна Македонија, така и на глобално ниво.

Со приклучување кон глобалното одбележување на овој значаен ден за заедницата на сексуални работници, се стремиме да ја истакнеме важноста и потребата од декриминализација на сексуалната работа како најдобра политика за унапредување на нашите човекови, работнички и здравствени права.

  • 31-ви март – Меѓународен ден на видливоста на трансродовите луѓе

По повод одбележувањето на 31-ви март – Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе, една од основачите на Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица – ТрансФормА, Лила Милиќ, говори за проблемите со кои се соочува трансродовата заедница во нашата земја и кои се нивните барања во насока на заштита и унапредување на нивните човекови права и усвојување на законска рамка за правно признавање на родот.

  • Државата Викторија во Австралија ја декриминализира сексуалната работа и се обврзува да продолжи да се залага за понатамошни реформи

Усвојувањето на Законот за декриминализација на сексуалната работа од 2021 година во Викторија претставува историско достигнување за сексуалните работници во Австралија.

  • Како сексуалните работници се борат против тортурата и родово базираното насилство

Заедницата на сексуални работници од Латинска Америка и Карибите доживуваат секојдневна тортура и се жртви на родово базирано насилство. За оние кои се занимаваат со сексуална работа, големиот број злоупотреби, особено од страна на државните службеници, е надополнет со длабока дискриминација што дополнително им го отежнува патот на сексуалните работници до правдата.

Целата содржина на S-Work Nº 114 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.