Во новиот број на S-Work Nо.113 може да прочитате:

  • Државата Викторија планира да ја декриминализира сексуалната работа во рок од две години

Викторија, држава во југоисточна Австралија, е подготвена да ја декриминализира сексуалната работа во рок од две години. Во моментов, сексуалната работа во државата е регулирана со Законот за сексуална работа на Викторија од 1994 година кој поставува строги услови за однесувањето и практиките на сексуалните работници и работата на борделите.

  • Ирска: Законите што ја криминализираат сексуалната работа го олеснуваат таргетирањето и злоупотребата на сексуалните работници

Законот од 2017 година, наводно дизајниран да ги заштити жртвите на трговија со луѓе и сексуалните работници од експлоатација, наместо тоа, го олеснува  таргетирањето и злоупотребата на сексуалните работници, а државата не успева да ги заштити од насилство – се вели во најновиот извештај на Амнести интернешнал.

Извештајот „Живееме во насилен систем: Структурно насилство врз сексуалните работници во Ирска“, открива како криминализацијата на аспектите на сексуалната работа ги принудува сексуалните работници да преземаат повеќе ризици додека ја избегнуваат полицијата, ставајќи ги во опасност нивните животи и безбедност.

  • Писмо за загриженост по иницијатива на ESWA во врска со амандманот на Законот за дигитални услуги (DSA) за задолжителна регистрација преку телефон за онлјан корисниците и креаторите на содржина

Во средината на јануари 2022 година, Европскиот парламент го изгласа новиот амандман на Законот за дигитални услуги (DSA-Digital Services Act). Сепак, Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA), која претставува повеќе од  90 организации кои работат со сексуалните работници во Европа и Централна Азија, искажува загриженост во врска со амандманот кој веќе е изгласан од страна на Европскиот парламент. Овој амандман предлага воведување процес на верификација на корисниците и креаторите на порнографска содржина преку „двојна регистрација со е-пошта и мобилен телефон“ на онлајн платформи и страници.

  • Онлајн страницата Linktree банира сексуални работници од својата платформа

Голем број сексуални работници кои ги користат услугите на Linktree, платформа  која им овозможува на своите корисници да ги организираат сите свои линкови од своите социјални профили и страници на едно место, известиле дека пристапот до оваа платформа им бил забранет преку ноќ, без никакво претходно предупредување. Иако постојат многу сајтови кои ја нудат истата услуга, сепак Linktree е една од најпопуларните помеѓу заедницата на сексуални работници на меѓународно ниво, преку која сексуалните работници споделуваат линкови кои им се важни при промовирањето на своите сексуални услуги.

Целата содржина на S-Work Nº 113 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.