Во новиот број на S-Work Nо.112 можете да прочитате:
- Одржан 14-тиот Марш на црвените чадори во Скопје
Во рамки на овогодинешната кампања, по повод одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, ние, сексуалните работници, здружени во СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот заедно со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата МАРГИНИ, го организиравме четиринаесеттиот Марш на црвените чадори во Скопје. На маршот присуствуваа околу 100-ина учесници, сексуални работници, активисти и наши поддржувачи. Пред почетокот на Маршот, кој започна пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза и заврши на плоштадот Филип II, претставничка на нашата заедница даде изјава за медиумите, испраќајки порака до општата јавност и институциите, дека ние, сексуалните работници сме дел од ова општество и треба да ги уживаме нашите човекови и работнички права подеднакво како и останатите граѓани.
- Право на сексуална работа
Сексуалните работници во Европа деновиве се солидаризираат со нивните шпански колеги, чија влада сака да донесе „сеопфатен закон за ставање крај на проституцијата“. Претставници на Здруженија на сексуални работници на Италија, Холандија и Северна Македонија зборуваат за проблемите со кои секојдневно се соочуваат во своите земји во заедничкото интервјуа за „Новости“.
- „Што ќе правиме ако се заразиме?“: Студија заснована на интервјуа со сексуални работници за пандемијата со КОВИД-19 и нејзините ефекти врз здравјето и безбедноста на сексуалните работници
Сексуалните работници се соочуваат со единствени и длабоки ризици кои произлегуваат од пандемијата со КОВИД-19. Со цел да се осознаат ефектите на пандемијата врз здравјето и безбедноста на сексуалните работници и да се идентификуваат можностите за интервенција, од мај до август 2020 година беа спроведени интервјуа со сексуални работници, вклучувајќи осум луѓе со различна боја на кожа, осум сисродови жени, пет сисродови мажи, три небинарни лица и една трансродова жена од САД.
- Кампања EndWhorephobia по повод одбележувањето на 1-ви јануари – Меѓународен ден за видливоста на сексуалните работници
Сексуална работничка започнува иницијатива за одбележување на уште еден значаен ден за заедницата на сексуалните работници – Меѓународен ден за видливоста на сексуалните работници кој ќе се одбележува на 1-ви јануари. Со одбележувањето на овој ден, што воедно претставува и годишнина од датумот кога за првпат беше имплементиран Шведскиот модел во 1999 година, има за цел да ја едуцира јавноста за насилството и стигмата врз сексуалните работници, дискутирајќи за недостатокот и споделувањето на ресурси за намалување на штети, како и едукација против Шведскиот модел.
Целата содржина на S-Work Nº 112 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.