Во новиот број на S-Work Nо.111 можете да прочитате:
- 17-ти декември – Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници
По повод одбележувањето на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, ние, сексуалните работници и нашите поддржувачи по 14-ти пат ќе се приклучиме кон глобалното одбележување на овој значаен ден со организирање на традиционалниот Марш на црвените чадори во центарот на Скопје.
Со овогодинешната кампања повторно ќе ставиме акцент на декриминализацијата на сексуалната работа, како најдобра правна рамка за унапредување на човековите и здравствените права на сексуалните работници, како и итноста од донесување нов закон за регулирање на сексуалната работа во Република Северна Македонија.
- 1-ви декември – Светскиот ден на СИДА
Секоја година, на 1-ви декември се одбележува Светскиот ден на СИДА. Се започнало во 1988 година, кога Светската здравствена организација за првпат ги истакнала напорите на светот за борба против ХИВ/СИДА. Овој ден покрај изразување поддршка за оние кои живеат со ХИВ, е исто така и ден кога се сеќаваме на оние кои ја изгубиле борбата со оваа болест.
Одбележувањето на Светскиот ден на СИДА има големо значење бидејќи ја потсетува јавноста дека борбата против ХИВ/СИДА не е завршена – сè уште е потребно да се работи на подигнување на свеста кај јавноста, да се работи на сузбивање на предрасудите и дискриминацијата и секако да се вложат напори во едукација на населението.
- Не ја забранувајте сексуалната работа!
Придобивки од декриминализација на сексуалната работа
Сексуалната работа е форма на егзистенција и начин за заработување. Сексуалните работници спогодбено со клиентите го разменуваат сопствениот сексуален труд или сексуална изведба за компензација со пари или други добра. Работниците во сексуалната индустрија се поединци со различен родов идентитет кои доброволно и самостојно одлучуваат да се занимаваат со сексуална работа од различни причини. Некои се одлучуваат да ја работата сексуалната работа бидејќи тоа им овозможува пофлексибилно работно време и им дава поголема контрола врз нивните работни услови од другите работни места. Некои ја избираат сексуална работа затоа што сметаат дека е финансиски исплатлива, а други пак ја избираат оваа работа како најприфатлива од малкуте опции кои им се достапни со цел да ги обезбедат основните потреби за живот за себе и за своите семејства.
- „Јас сум средовечна жена која размислува да ангажира машки придружник“
По препорака на пријателка, се регистрирав на една веб-страница, на која имаше фотографии од атрактивни мажи заедно со кратки биографии. Бев во искушение и конечно се одлучив да се јавам во агенцијата. Сопственикот ми даде лозинка за да „отклучам“ повеќе опции на страницата. Прашав за начинот на плаќање. Прашав колку време е потребно „за да се запознаеме“ и прашав дали мажите редовно се тестираат за сексуално преносливи инфекции.
Целата содржина на S-Work Nº 111 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.