RED RULES – Меѓународна конференција за сексуална работа во Виена

Од 22.09.2021 до 25.09.2021 година во културниот центар F23 во Виена ќе се одржи меѓународната конференција за сексуална работа „RED RULES“ 2021 организирана од страна на Red Edition и SHIFT.

Сексуалната работа се истражува и опишува во различни полиња од историски, политички, економски, уметнички и квир-феминистички аспекти, но често сексуалните работници поради контроверзноста на темата, честопати се исклучени од дискусијата. За сексуалните работници се зборува многу, но многу малку се зборува со нив.

Меѓународна конференција за сексуална работа „RED RULES“ 2021 во Виена има за цел да го промени ова, односно да им даде научна и социјална платформа организирана и водена од самите нив и нивната перспектива. Фокусот на конференцијата е пренесување на знаењата за темата, развој на стратегии за политичка акција, како и игрива размена. Целта на конференцијата не е сензибилизација само на општата јавност, туку и на научниците, медиумските работници и уметниците, а со тоа деконструирање на митовите и предрасудите поврзани со сексуалната работа и вмрежување на различните општествени фактори.

Конференцијата ќе даде насоки за тоа како да се истражува, пишува и зборува за сексуалната работа и и ќе ги појасни пречките и проблемите со кои се соочуваат сексуалните работници во современото општество. На овој начин ќе се разбијат стигмата и предрасудите на одржлив начин преку работилници, панели, дискусии и дневни социјални програми со разни меѓународни предвачи и говорници.

Освен конференцискиот дел, програмата ќе биде збогатена со повеќе перформанси и уметнички настапи во вид на фестивалски дел наречен CITY OF WHORES.

Детали за конференцијата може да се види на веб страницата на Red Edition, a оние кои сакаат и можат да присуствуваат на конференцијата регистрацијата е бесплатна на следниот линк: https://ntry.at/redrulesvienna.