На 05.06.2024 (среда) во Јавна Соба, Скопје се одржа еднодневна Работилница за развој на вештини за пристап до пазарот на труд, во рамки на проектот Кариерни ангели – Иновативен модел за развој на кариера наменет за жени во социјален ризик, организирана од СТАР-СТАР Скопје во соработка со Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК.
Учесниките на работилницата се стекнаа со знаења и ги надоградија своите вештини за активно барање на работа и интеграција на пазарот на труд. Следењето и анализа на огласите за вработување, составување на своја биографија или CV, мотивациско писмо и подготовка за интервју со работодавачите, се неизоставен дел од процесот на барање работа, со цел подготовка на учесничките за успешно претставување на себеси и своите вештини пред работодавачите.
Преку работилницата се очекува да им биде овозможена понатамошна помош и поддршка на учесничките во остварување на нивните кариерни цели и успешна интеграција на пазарот на трудот.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите и не ги одразуваат оние на Владата на САД.