Работилница за дигитална безбедност во сексуалната работа – Скопје 12.07.2024

На 12 јули 2024 година, во Скопје, ја одржавме третата работилница за дигитална безбедност во сексуалната работа. Со оваа работилница ја заокружуваме серијата работилници кои значајно придонесоа кон подобрување на свеста и знаењето за дигиталната безбедност кај сексуалните работници.

 

Овие работилници имаа за цел да ги едуцираат учесниците за важноста на онлајн приватноста и заштитата на личните податоци. Преку практични примери и интерактивни сесии, учесниците научија како да ги зајакнат своите дигитални вештини и да ги користат безбедносните алатки за да го намалат ризикот од онлајн злоупотреба и вознемирување.

 

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Отпорноста на сексуалните работници во дигиталната ера“ со цел да се зајакнат организациските и капацитетите на сексуалните работници за справување со дигиталните закани врз човековите права, со поддршка од фондацијата Hivos, преку грантовиот механизам Digital Defenders Partnership (DDP).

 

Tags: , ,