На 10 јули 2024 година, во Битола, ја одржавме втората од серијата работилници за дигитална безбедност во сексуалната работа. Оваа работилница е осмислена со цел да и помогне на заедницата да се справи со дигиталните закани и предизвици, и да ги заштити и оствари своите човекови права во дигиталниот свет.
За време на работилницата, учесниците имаа можност да се запознаат со основните концепти на дигиталната безбедност, како да ги заштитат своите лични податоци во дигиталниот свет согласно законската рамка, потоа како безбедно да ракуваат со сметки и лозинки и како да реагираат во случаи на повреда на дигиталните права. Покрај тоа, добија знаења за управување со дигитални архиви и техники за заштита на фотографии и други важни податоци кои можат да го нарушат нивното достоинство. На крај, преку работилницата учесниците се информираа за нивната слобода на изразување во дигиталниот простор и како безбедно да комуницираат преку интернет и други електронски средства.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Отпорноста на сексуалните работници во дигиталната ера“ со цел да се зајакнат организациските и капацитетите на сексуалните работници за справување со дигиталните закани врз човековите права, со поддршка од фондацијата Hivos, преку грантовиот механизам Digital Defenders Partnership (DDP).