Препознај, пријави и спречи дискриминација врз сексуални работници!

Во рамки на проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“ кој СТАР-СТАР го реализира од февруари до јули, 2023 година, е отворена можност за вклучување и ангажман на сексуалните работници преку процес на документирање на случаи на дискриминација, преку претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како акција предводена од заедницата.

Целта на проектот е да се зајакнат и унапредат принципите на недискриминација и еднаквост на човековите права на сексуалните работници преку интервенции во кои самите се вклучени и се активни чинители како носители на права, односно да се зголеми учеството на сексуалните работници во борбата против дискриминацијата.

Со овие активности се предвидува да се изгради довербата на сексуалните работници во механизмите за заштита од дискриминација и меѓусебно да се охрабруваат да се вклучат во борбата против дискриминацијата преку документирање на случаи пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Случаите може да бидат тековни, но и случаи кои претходно не се документирани.

Ги охрабруваме и повикуваме сите сексуални работници кои сакаат да се вклучат во процесот на документирање или сметаат дека биле жртви на дискриминација, со цел да добијат повеќе информации да се обратат во нашето Здружение, на следнава електронска пошта: starsexwork@gmail.com или на телефонскиот број: +389 (2) 32 32 411.

Примерок од урнекот за пријавување на дискриминација e достапен во електронска форма на веб-страницата на Комисијата.

Доколку Ви е потребна помош да препознаете дали еден случај може да се смета за дискриминација и доколку се утврди дека има дискриминаторска основа, и/или имате потреба од помош за пополнување на поднесокот можете да ги контактирате и:

-Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини, на следнава електронска пошта: dragana.coalition@gmail.com и на телефонскиот број 078200675; и

-Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), на следнава електронска пошта i.jadrovski@kszd.mk и на телефонскиот број 078318600.

Проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“ се реализира во рамки на програмата „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и промотивна улога“, која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Tags: , ,