ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА АКЦИСКИ ПЛАН БАЗИРАН НА ЗАКЛУЧОЦИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ ОД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕТО „ИСКУСТВА, ЗНАЕЊА И ПОТРЕБИ НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО РСМ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ОД СОЦИЈАЛНАТА И ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА“ ОБЈАВЕН ВО 2023 ГОДИНА
Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје на ден 14.10.2024 година, објавува Јавен повик за избор на експерт за развој на Акциски план за поттикнување на овозможувачка околина за остварување на правата од социјалната и здравствената заштита, базиран на заклучоците и препораките од извештајот за истражувањето „Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во РСМ при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита“ објавенo во 2023 година.
ВОВЕД
Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволна сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество. При тоа, СТАР-СТАР ги мобилизира сексуалните работници за нивно активно учество во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа.
Оваа активност се спроведува во рамки на стратешките програмски определби на организацијата согласно Стратешкиот план за периодот 2022-2025, преку проектот Национална имплементација на Глобалната рамка за социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права за 2024 година, со цел да се зајакне застапувањето и ангажираноста на сексуалните работници со засегнатите страни за да се поттикне овозможувачка околина за остварување на правата од социјалната и здравствената заштита. Активностите се реализираат со финансиска поддршка од регионалната мрежа SWAN -Sex Workers’ Rights Advocacy Network.
ОПИС НА ЕКСПЕРТСКИТЕ УСЛУГИ
Експертот треба да развие и испорача Акциски план за поттикнување на овозможувачка околина за остварување на правата од социјалната и здравствената заштита, базиран на заклучоците и препораките од извештајот за истражувањето „Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во РСМ при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита“ кое имаше за цел: 1) да ги документира искуствата и знаењето на сексуалните работници во РСМ во однос на човекови права, социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права, и 2) да понуди конкретни насоки и препораки за системско унапредување на пристапот до социјална, здравствена и правна заштита за сексуалните работници во РСМ. Извештајот од истражувањето е достапен како онлајн публикација на веб-страницата на здружението – линк.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
- Да направи анализа на наодите, заклучоците и препораките од истражувањето „Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во РСМ при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита“ објавено во 2023 година;
- Да спроведе деск-истражување и анализа на секундарни извори на податоци и информации за остварувањето на човековите права од социјалната и здравствената заштита кај сексуалните работници во РСМ;
- Да спроведе 2 (два) консултантски дена за консултации со организацискиот тим за прибирање на податоци, информаци и насоки за развој на Акциски план за поттикнување на овозможувачка околина за остварување на правата од социјалната и здравствената заштита за сексуалните работници во РСМ;
- Да спроведе 2 (два) консултантски дена за пишување и развој на Акциски план за поттикнување на овозможувачка околина за остварување на правата од социјалната и здравствената заштита за сексуалните работници во РСМ;
- Да изготви и испорача Акциски план за поттикнување на овозможувачка околина за остварување на правата од социјалната и здравствената заштита за сексуалните работници во РСМ базиран на консултациите со организацискиот тим и анализата на наодите, заклучоците и препораките од горенаведеното истражување.
Овој работен ангажман, експертот ќе го извршува во соработка со Програмскиот раководител на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, а по потреба и со останати лица ангажирани во организацијата. Ангажманот ќе се спроведува во и вон канцеларијата на организацијата, користејќи алатки и платформи за работа на далечина.
ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ
За работниот ангажман кој се состои од вкупно 4 (четири) консултантски денови предвиден е надомест во БРУТО износ од по 150 долари (по консултантски ден) во денарска противвредност по курс утврден по прием на средствата од страна на донаторот, или вкупен надомест во БРУТО износ од 600 долари за севкупниот ангажман, а врз основа на авторски договор за експертски услуги.
Краен рок за спроведување на работниот ангажман е 15.11.2024 година.
КВАЛИФИКАЦИИ И КРЕТИРИУМИ ЗА ИЗБОР
Експертот треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:
- Одлично познавање на процесите за стратешко планирање и застапување, како и искуство во спроведување на такви процеси;
- Искуство како фасилитатор на процеси за стратешко планирање и застапување, како и развој на стратешки документи во граѓански организации;
- Општо познавање на правната рамка за социјалната и здравствената заштита во Република Северна Македонија;
- Способности за планирање, организација и навремено исполнување на зададените задачи.
Предност ќе имаат кандидатите со:
- Работно искуство или познавања од областа на правата на сексуалните работници или останати маргинализирани заеднициво Република Северна Македонија.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- Кратко писмо за интерес кое вклучува:
-Опис на искуството, квалификациите и вештините потребни за ангажманот;
-Предлог методологија со временска рамка за развој на акцискиот план која ќе вклучува 2 (два) консултантски дена за консултации со организацискиот тим и 2 (два) консултантски дена за пишување и развој на акцискиот план.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Документите со назнака на пораката Јавен повик за експерт – развој на акциски план да се достават на двете електронски пошти: star.contact@yahoo.com и micov@starsexwork.org најдоцна до 18.10.2023 година до 17:00 часот. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата за ангажирање на експерт по електронски пат најдоцна до 22.10.2023 година до крајот на работниот ден.
Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА АКЦИСКИ ПЛАН во оригинална форма на следниов линк.