Сексуалните работници издејствуваа победа врз Законот за дигитални услуги на ЕУ

По 16-часовни преговори, планираниот амандман од Законот за дигитални услуги (24b Digital Services Act) за задолжителна регистрација на креаторите на порнографски содржини со телефонски број не помина. Овој амандман предвидуваше задолжителната регистрација на корисниците на порнографски платформи преку со телефонски број, што претставува прекршување на дигиталните права и штетна практика во однос на обезбедувањето онлајн приватност и безбедност на маргинализираните заедници, преку собирање на приватни информации на сексуалните работници. За  потсетување,  Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) и организациите членки испратија писмо за загриженост до Совет на Европа во врска со амандманот на почетокот на годината.

Алијансата, која заедно со организациите членки се застапуваше против овој амандман е позитивно изненадена од успехот, кој е потврда за капациитетот на влијанието врз политиките на ЕУ. Алијансата се заблагодарува на сите организации и поддржувачи кои здружено делуваа против овие штетни политики.

Сепак, Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA), како и СТАР – Првиот Kолектив на Сексуални Работници на Балкaнот како организација членка, строго го осудуваат родово-базираното насилство онлјан и во било која форма. Искажуваме подготвеност за вклучување во дијалогот за справување со  родово-базираното насилство, особено бидејќи голем дел од нашата заедница се жртви на овој вид насилство.