Обука за градење на капацитети на трансродовите сексуални работници во Европа – ESWA

Од 11.05-13.05.2023, во Порто, Португалија, се одржа првата обука во координација на Европската алијанса за правата на сексуалните работници – ESWA, за градење на капацитети на трансродовите сексуални работници, со фокус на застапувањето за ХИВ и правата на сексуалните работници!

Оваа обука, во која учество земаа околу 15 трансродови сексуални работници од Европа, меѓу кои и претставничка на СТАР-СТАР, имаше за цел да ги зајакне капацитетите на трансродовите сексуални работници во борбата за своите права и да овозможи учество во дискусија за прашања поврзани со сексуалната работа, ХИВ и потребите на транс заедниците.

 

Tags: , ,