Потпишан Меморандум за соработка и развиена Програма за кариерен развој на маргинализирани жени

Во рамки на проектот Кариерни ангели – Иновативен модел за развој на кариера наменет за жени во социјален ризик, а со цел реализирање на активноста за развој на програма за обучување на кариерни советници (кариерни ангели) помеѓу маргинализираните жени, СТАР-СТАР Скопје на ден 28.12.2023 склучи Меморандум за соработка со Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК Скопје.

Целта на овој Меморандум е преку взаемна соработка, испорака на услуги, разбирање и помош да се овозможи квалитетно неформално образование за маргинализираните жени во социјален ризик, нивен личен развој и нудење на професионална помош при изборот на нивната кариера и професионално унапредување.

Во рамки на соработката со АСК, изработена е програма која има за цел да овозможи кариерен развој на маргинализирани жени од социјален ризик (жени од ромското и албанското етничко малцинство, сексуални работнички, трансродови жени, жени кои користат дроги, самохрани мајки, жени од рурални средини, жени мигрантки, бисексуалки и жени кои живеат со ХИВ, како и жени кои живеат во сиромаштија) во Северна Македонија и да креира простор за создавање на континуирана интеграција на пазарот на трудот на овие жени.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Tags: , , ,