КАРИЕРНИ АНГЕЛИ – ИНОВАТИВЕН МОДЕЛ ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА НАМЕНЕТ ЗА ЖЕНИ ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

Од месец ноември, Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје започнува со имплементација на нов проект КАРИЕРНИ АНГЕЛИ – ИНОВАТИВЕН МОДЕЛ ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА НАМЕНЕТ ЗА ЖЕНИ ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК.

Овој проект ќе придонесе за намалување на стапката на невработеност помеѓу маргинализираните жени (жени од ромското и албанското етничко малцинство, сексуални работнички, трансродови жени, жени кои користат дроги, самохрани мајки, жени од рурални средини, жени мигрантки, бисексуалки и жени кои живеат со ХИВ, како и жени кои живеат во сиромаштија) во Северна Македонија преку дирекна промоција на зајакнувањето на жените како главна приоритетна област. Овој проект е замислен како иновативен модел кој поттикнува одржлив кариерен развој на маргинализираните жени преку нивно директно вклучување и  нуди меѓусекторска поддршка. Долгорочно, овој проект има за цел да создаде континуирано интегрирање на овие жени на пазарот на трудот, што конечно би довело до нивно вклучување во секој економски и политички аспект на едно демократско општество.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Tags: , ,