ЈУБИЛЕЈНА КАМПАЊА, 25 ГОДИНИ ХОПС-ОПЦИИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ СКОПЈЕ

Оваа година ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, одбележуваат 25-годишнина од основањето, 25 години активно работење и посветеност на градење општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.

Од нивното основање во 1999 година, па се до денес, ХОПС активно работи и делува во полза на сексуалните работници и корисниците на дрога, со цел да им се овозможат подобри животни услови. Повеќе од две децении ХОПС ги застапува правата на најмаргинализираните.

Од нашето запознавање до денес, му се радуваме на успехот на ХОПС, се потпомагаме едни со други, заеднички ги туркаме веслата за полесно да отпловиме до брегот. Борбата да се слушне гласот на безгласните продолжува.

Денес, ја славиме посветеноста на нашите партнери и борбата за инклузивно, отворено општество во кое сите се еднакви и никој не е оставен на маргините.

Нека срдечноста и ентузијазмот за подобар живот за заедниците, останат двигатели во работата на ХОПС.

Му се радуваме на јубилејот и ги славиме победите на ХОПС.