1. Објавувач на повикот
Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, на ден 17.10.2025 година, објавува Јавен повик за избор на експерт/ка за развој и спроведување обука за пишување предлог-проекти и аплицирање за ЕУ фондови, со цел зајакнување на капацитетите на здружението за прибирање средства и зголемување на пристапот до ЕУ фондови за иницијативи кои ги опфаќаат сексуалните работници како дел од маргинализираните заедници.
Овој ангажман се реализира во рамки на Грант за основна поддршка на активностите на здружението, број 100271-2024, поддржан од фондацијата Red Umbrella Fund.
2. Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е избор на стручно лице кое ќе дизајнира и спроведе обука за пишување предлог-проекти и развој на апликации за ЕУ фондови, со цел да се зајакнат капацитетите на менаџментот на здружението за прибирање средства и аплицирање кон релевантни ЕУ програми.
Очекуваниот резултат од ангажманот е зголемен капацитет на менаџментот на СТАР-СТАР Скопје за развој и поднесување конкурентни апликации до пристапни ЕУ фондови.
3. Опис на задачите
Експертот/ката ќе биде одговорен/а за:
- Спроведување анализа на потребите на здружението во однос на пристап до ЕУ фондови и знаење и искуство со аплицирање;
- Развој на програма и материјали за дводневна обука за пишување предлог-проекти и подготовка на апликации за ЕУ фондови;
- Испорака на дводневна обука за потесниот менаџмент на здружението;
- Фасилитирање практична работа и менторска поддршка во процес на развој на една целосна апликација (вежба);
- Изготвување финален извештај кој го документира процесот, резултатите од активностите, и препораките за понатамошно подобрување на капацитетите за прибирање средства од ЕУ програми.
4. Период на реализација
Ангажманот ќе се реализира во периодот од 01.11.2025 до 30.11.2025 година а ќе ги опфати сите активности наведени под точки 1 до 5 од описот на задачите.
5. Финансиска понуда
Кандидат(к)ите, за ангажманот треба да достават финансиска понуда во бруто износ, изразена во евра (ЕUR).
6. Критериуми за избор
- Искуство во развој и спроведување обуки за пишување предлог-проекти и аплицирање за ЕУ фондови;
- Познавање на ЕУ програми за поддршка на граѓански организации од областа на социјалната заштита и човековите права;
- Искуство во градење капацитети на организации од граѓанскиот сектор;
- Квалитет на предлог програма/методологија за работа;
- Економски најповолна понуда.
Предност ќе имаат кандидати со:
- Искуство со работа и/или познавање на правата и потребите на сексуалните работници/чки и други маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.
7. Склучување договор
Здружението ќе именува комисија за евалуација и избор најдоцна во рок од 3 (три) работни дена по завршување на повикот. Со избраниот експерт/ка, здружението ќе склучи договор за повремен ангажман. Условите за ангажманот ќе бидат дополнително усогласени во договор помеѓу двете страни. Доколку комисијата не спроведе избор, јавниот повик може да биде продолжен.
8. Потребни документи за аплицирање
- Мотивациско писмо со опис на релеватно искуство во развој на проекти поддржани од ЕУ програми/механизми;
- Професионална биографија (CV);
- Предлог програма/методологија за реализација на обуката;
- Финансиска понуда изразена во бруто износ во евра (ЕUR).
9. Начин и рок за аплицирање
Документите треба да се достават со назнака: Јавен повик – Експерт/ка за обука за пишување предлог-проекти и аплицирање за ЕУ фондови на следната електронска адреса: star.contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 24.10.2025 година,16:00 часот.
Нецелосни апликации и пријави доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Избраниот кандидат/ка ќе биде известен/а по електронски пат, најдоцна до 29.10.2025 година.
Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК за избор на експерт/ка за обука за пишување предлог-проекти и аплицирање за ЕУ фондови во оригинална форма на следниов линк.