ЈАВЕН ПОВИК за избор на експерт/ка за фасилитација на дводневна работилница за развој на партнерска рамка за соработка помеѓу даватели на услуги

1. Објавувач на повикот

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, на ден 16.01.2026 година, објавува Јавен повик за избор на експерт/ка за фасилитација на дводневна работилница за развој на партнерска рамка за соработка помеѓу даватели на услуги од областа на сексуалното и репродуктивно здравје, правната и социјалната заштита и овоможување прифатилиште за згрижување за лица кои преживеале сексуално насилство, експлоатација или трговија во луѓе.

Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Самоидентификувани сексуални работници во борба против сексуалното насилство и трговијата со жени и девојки“, поддржан од UN Trust Fund to End Violence against Women. Крајната цел на проектот е самоидентификуваните сексуални работници во Северна Македонија кои се жртви на или се изложени на ризик од сексуално насилство, експлоатација и трговија со луѓе, да имаат поголема слобода на дејствување, безбедност и пристап до правда.

Повеќе за проектот може да прочитате на следниов линк: Самоидентификуваните сексуални работнички во борба против сексуалното насилство и трговијата со жени и девојки

2. Цел на ангажманот

Целта на ангажманот е ангажирање експерт/ка кој ќе дизајнира и води структуриран и инклузивен дводневен процес помеѓу учесниците, со цел да се развие и усогласи рамка за соработка и заедничко дејствување, преку јасно дефинирање на улоги, одговорности, приоритети и стратегии, како и воспоставување механизми за координација и усогласено делување помеѓу давателите на сервиси.

3. Опис на задачите

Експертот/ката ќе биде одговорен/а за:

  1. Спроведување подготвителни консултации со нарачателот за да ги разбере очекувањата, потребите и приоритетите за организирање на дводневната работилница;
  2. Изработка на детална агенда и методологија за дводневната работилница во координација со нарачателот;
  3. Подготовка на материјали за работа на работилницата;
  4. Фасилитација на структуриран дводневен процес со вклученост на сите учесници/партнери, кој ќе резултира со договорена заедничка рамка за дејствување и координирано делување во обезбедување на услуги;
  5. Развој на патоказ (Roadmap) за соработка и дејствување (кој, што, како). Патоказот ќе служи како практичен и оперативен документ за усогласено дејствување помеѓу давателите на услуги и основа за следење на имплементацијата и понатамошно унапредување на соработката.
  6. Спроведување кратка евалуација од работната средба и изготвување финален извештај со препораки за следни чекори.

4. Период на реализација

Ангажманот ќе се реализира во периодот од 23.01.2026 до 30.01.2026 година, со вкупно предвидени 4 работни дена за консултации, развој на материјали, фасилитација и испорака на финален извештај. Избраниот/а експерт/ка треба да биде во можност да ја фасилитира работната средба во однапред утврден датум 26.01.2026 – 28.01.2026 г. на локација која ќе ја одреди нарачателот.

5. Финансиска понуда

Кандидат(к)ите, за ангажманот треба да достават финансиска понуда во бруто износ, изразена во американски долари (USD).

6. Критериуми за избор

  • Искуство во фасилитациски процеси, развој на стратегии, развој на партнерства и рамки за соработка и координација;
  • Искуство во раководење со проектен менаџмент и работа во граѓански сектор, вклучително координација и работа со партнери и засегнати страни;
  • Комуникациски и медијаторски способности за ефективна комуникација и управување со групна динамика;
  • Квалитет на предлог програма и методологија за работа;
  • Економски најповолна понуда.

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Искуство со работа и/или познавање на правата и потребите на сексуалните работници/чки и други маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.

7. Склучување договор

Здружението ќе именува комисија за евалуација и изборнајдоцна во рок од 3 (три) работни дена по завршување на повикот. Со избраниот/ата експерт/ка, здружението ќе склучи договор за повремен ангажман. Условите за ангажманот ќе бидат дополнително усогласени во договор помеѓу двете страни. Доколку комисијата не спроведе избор, јавниот повик може да биде продолжен.

8. Потребни документи за аплицирање

  • Mотивациско писмо со опис на релеватно искуство во фасилитациски процеси, развој на стратегии, развој на партнерства и рамки за соработка и координација;
  • Професионална биографија (CV);
  • Предлог програма и методологија за подготовка и фасилитација на дводневната средба;
  • Финансиска понуда изразена во бруто износ во американски долари.

9. Начин и рок за аплицирање

Документите треба да се достават со назнака:

„Јавен повик за избор на експерт/ка за фасилитација на дводневна работилница за развој на партнерска рамка за соработкана следната електронска адреса: star.contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 21.01.2026 година,17:00 часот.
Нецелосни апликации и пријави доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Избраниот кандидат/ка ќе биде известен/а по електронски пат, најдоцна до 22.01.2026 година.

Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК за избор на експерт/ка за фасилитација на дводневна работилница за развој на партнерска рамка за соработка во оригинална форма на следниов линк

Tags: , ,