ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТ ЗА СТРАТЕШКИ КОМУНИКАЦИИ

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје на ден 23.04.2024 година, објавува Јавен повик за избор на експерт за стратешки комуникации кој ќе го фасилитира процесот за развој на Комуникациска стратегија за периодот 2024-2025 на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје.

ВОВЕД

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволната сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество. При тоа, СТАР-СТАР ги мобилизира сексуалните работници за нивно активно учество во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа.

Оваа активност се спроведува во рамки на стратешките програмски определби на организацијата согласно Стратешкиот план за периодот 2022-2025, со поддршка од фондацијата Red Umbrella Fund.

ОПИС НА ЕКСПЕРТСКИТЕ УСЛУГИ

Експертот за стратешки комуникации ќе треба да го фасилитира развојот на Комуникациската стратегија за периодот 2024-2025 и при тоа да развие и спроведе методологија за работа со временска рамка во согласност со потребите и приоритетите на организацијата и заедницата на сексуални работници.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ

Ангажираниот експерт ќе ги има следниве работни задачи:

  • Планирање и развој на Комуникациска стратегија за периодот 2024-2025, каде ќе бидат предвидени консултативни средби со управните и извршните тела, вработените и ангажираните лица;
  • Подготовка и спроведување на две еднодневни работилници за развој на Комуникациска стратегија за периодот 2024-2025 со номинирана работна група од организацијата (втора половина на мај 2024 година), и
  • Подготовка на предлог и финална верзија на Комуникациска стратегија за периодот 2024-2025.

Ангажираниот експерт, работниот ангажман ќе го извршува во соработка со номинирано лице од Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР, а по потреба и со останати ангажирани лица од организацијата, во и вон канцеларијата на организацијата, користејќи алатки и платформи за работа на далечина.

ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ

За работниот ангажман е предвиден еднократен хонорарен надомест во БРУТО износ од 500 евра во денарска противвредност по курс утврден по прием на средствата од страна на донаторот, а врз основа на авторски договор за експертски услуги.

Краен рок за спроведување на работниот ангажман е 15.06.2024 година.

КВАЛИФИКАЦИИ И КРЕТИРИУМИ ЗА ИЗБОР

Експертот треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:

  • Експертиза од областа на стратешки комуникации;
  • Искуство како фасилитатор на процеси за развој на комуникациски стратегии за граѓански организации;
  • Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи.

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Искуство или познавања од областа на правата на сексуалните работници или останати маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Кратко писмо за интерес кое вклучува:

– Опис на искуството, квалификациите и вештините потребни за ангажманот и

– Кратка предлог методологија за работа со временска рамка за развој на Комуникациската стратегија за периодот 2024-2025.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Документите со назнака на пораката Јавен повик – експерт за стратешки комуникации да се достават на двете електронски пошти: star.contact@yahoo.com и micov@starsexwork.org најдоцна до 26.04.2024 година до 16:00 часот. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата по електронски пат, најдоцна до 30.04.2024 година до крајот на работниот ден.

Tags: , ,