ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРОДУКЦИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА 5 КРАТКИ ВИДЕА

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје на ден 21.03.2024 година, објавува Јавен повик за избор на продукција за изработка на 5 (пет) кратки видеа (shorts).

ВОВЕД

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволната сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество. При тоа, СТАР-СТАР ги мобилизира сексуалните работници за нивно активно учество во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Сексуалните работници се спротивставуваат на дезинформациите во Северна Македонија“ кој има за цел да придонесе за намалување на дезинформациите за сексуалната работа и сексуалните работници на социјалните медиуми во Северна Македонија,со примена на ефективен одговор на дезинформациите, креиран од самата заедница. Сексуалните работници како маргинализирана заедница често се мета на дезинформации кои поттикнуваат говор на омраза и онлајн насилство и овој проект е замислен како обид за решавање на проблемот со дезинформациите во дигиталниот простор. Проектот треба да создаде моќен и позитивен наратив преку дигитална видео кампања, наменета за корисниците на социјалните медиуми во Северна Македонија.

Видео кампањата е насочена кон пошироката јавност користејќи платформи на социјалните медиуми каде се присутни негативни наративи за сексуалната работа и сексуалните работници. Ова ги вклучува корисниците  активни во анти-родовите движења, конзервативните медиуми, радикалните феминистки, верските и конзервативните заедници и политичките партии. Очекуваме над 50.000 прегледи и високи стапки на ангажираност од целната публика.

Активностите од овој проект се реализираат со поддршка од Фондација Метаморфозис, преку програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Избраниот понудувач треба да испорача 5 (пет) кратки вертикални видеа подготвени за објавување на Facebook во целосна HD резолуција, со највисок квалитет.

Право на поднесување понуда имаат физички и правни лица

РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ПОНУДУВАЧОТ

Да изработи и испорача 5 (пет) кратки видеа (shorts) со должина од максимум 20 секунди, наменети за кампања на социјалните медиуми. Видеата треба да имаат прилагодена верзија за вертикални видео содржини(со размер 9:16)на Facebook.

Избраниот понудувач работните задачи ќе ги извршува во блиска соработка и координација со Програмскиот раководител и Координаторот за комуникации на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР, а по потреба и со останати лица ангажирани во организацијата.

ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ

За работниот ангажман е предвиден еднократен надомест врз основа на склучен договор со понудувачот за испорака на услуги согласно доставената понуда.

Краен рок за спроведување на работниот ангажман е 30.04.2024 година.

КВАЛИФИКАЦИИ И КРЕТИРИУМИ ЗА ИЗБОР

Избраниот понудувач треба да ги поседува следниве квалификации:

  • Докажано претходно искуство и експертиза за подготовка и изработка на промотивни видеа, јавни кампањи и останати видео продукциски услуги;
  • Високо ниво на професионалност и почитување на добри деловни практики;
  • Функционална ефективност под притисок на работните одговорности и почитување на зададените рокови за исполнување на задачите.

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Претходно искуство во работа со ваков тип на теми од областа на маргинализирани заедници и/или справување со дезинформации;
  • Претходно искуство или соработка со организации на сексуални работници и/или слични организации.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Кратка предлог понуда во која ќе бидат наведени предложениот пристап и релевантното искуство, предлог временска рамка и предлог буџет за изработката и испораката на 5 (пет) кратки видеа.
  • Кратко портфолио или линкови до претходно реализирани слични ангажмани.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Документите со назнака на пораката Јавен повик за избор на продукција да се достават на двете електронски пошти: star.contact@yahoo.com и micov@starsexwork.org најдоцна до 26.03.2023 година до 16:00 часот. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите понудувачи ќе бидат известени за резултатите од селекцијата по електронски пат најдоцна до 29.03.2024 година до крајот на работниот ден.

Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК за избор на ПРОДУКЦИЈА во оригинална форма на следниов линк.

Tags: , ,