Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје на ден 01.11.2023 година, објавува Јавен повик за избор на експерт за организациски развој кој ќе го фасилитира процесот на ревизија на Стратешкиот план 2022-2025 на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје.
ВОВЕД
Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволната сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество. При тоа, СТАР-СТАР ги мобилизира сексуалните работници за нивно активно учество во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа.
Оваа активност се спроведува во рамки на стратешките програмски определби на организацијата согласно Стратешкиот план за периодот 2022-2025, со цел да се зголеми грижата и поддршката за сексуалните работници согласно нивните потреби. Оваа стратешка активност се реализира со поддршка од фондацијата Red Umbrella Fund.
ОПИС НА ЕКСПЕРТСКИТЕ УСЛУГИ
Експертот за организациски развој ќе треба да го фасилитира процесот на ревизија на Стратешкиот план 2022-2025 на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје и при тоа да развие и спроведе методологија за работа со временска рамка за процесот со цел ревидирање и ажурирање на организациските приоритети, цели, интервенции и активности во согласност со тековните состојби и потреби на сексуалните работници.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Ангажираниот експерт за организациски развој ќе ги има следниве работни задачи:
- Фасилитирање на процесот за ревизија на Стратешкиот план 2022-2025, во кое ќе бидат предвидени консултативни средби со Управниот одбор, извршната канцеларија, како и со членството на организацијата;
- Подготовка и спроведување на две еднодневни работилници за ревизија на Стратешкиот план 2022-2025 со номинирана работна група од организацијата и
- Подготовка на предлог и финална верзија на ревидиран Стратешки план 2022-2025.
Ангажираниот експерт, работниот ангажман ќе го извршува во соработка со номинирано лице од Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР, а по потреба и со останати ангажирани лица од организацијата, во и вон канцеларијата на организацијата, користејќи алатки и платформи за работа на далечина.
ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ
За работниот ангажман е предвиден еднократен хонорарен надомест во БРУТО износ од 560 евра во денарска противвредност по курс утврден по прием на средствата од страна на донаторот, а врз основа на авторски договор за експертски услуги.
Краен рок за спроведување на работниот ангажман е 25.12.2023 година.
КВАЛИФИКАЦИИ И КРЕТИРИУМИ ЗА ИЗБОР
Експертот треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:
- Одлично познавање на процесите за организациски развој и стратешко планирање и искуство во спроведување на такви процеси;
- Искуство како фасилитатор на процеси на стратешко планирање во граѓански организации;
- Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи.
Предност ќе имаат кандидатите со:
- Искуство или познавања од областа на правата на сексуалните работници или останати маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Кратко писмо за интерес кое вклучува:
– Опис на искуството, квалификациите и вештините потребни за ангажманот и
– Кратка предлог методологија за работа со временска рамка за процесот на ревизија на Стратешкиот план 2022-2025.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Документите со назнака на пораката Јавен повик – експерт за организациски развој да се достават на двете електронски пошти: star.contact@yahoo.com и administration.finance@starsexwork.org најдоцна до 08.11.2023 година до 16:00 часот. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата за ангажирање на експерт по електронски пат најдоцна до 10.11.2023 година до крајот на работниот ден.