Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, на ден 15.03.2023 објавува јавен повик (2) за избор на обучувач за испорака на еднодневна „Обука за запознавање со механизмите за заштита од дискриминација за сексуални работници – лидери во заедницата“.
Вовед
Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволната сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество.
Оваа обука ќе се спроведе во рамки на проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“ кој има за цел да го зајакне граѓанскиот одговор со кој се промовираат и унапредуваат принципите на недискриминација и еднаквост на човековите права на сексуалните работници. Проектот се реализира во рамки на програмата „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Опис на испорачани услуги
Обучувачот треба да подготви и испорача еднодневна „Обука за запознавање со механизмите за заштита од дискриминација за сексуални работници – лидери во заедницата “ наменета за 8 сексуални работници, која има за цел ги обучи лидерите во заедницата за препознавање и користење на механизмите за заштита од дискриминација врз сексуалните работници кои стекнатите знаења и вештини ќе ги дисеминираат кон останати лица од заедницата.
Обуката треба да ги опфати следниве теми:
- Правна рамка и институционална заштита од дискриминација, соодветно адаптирани за целната група;
- Механизми за заштита од дискриминација врз сексуалните работници, адаптирани за целната група;
- Воспоставување на доверба кон Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и постапка за поднесување претставки.
Обучувачот ќе треба да ја подготви обуката во соработка со проектниот тим и претставник од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кој ќе одржи една сесија на обуката како гостин предавач, со цел градење на непосредна врска помеѓу Комисијата и сексуалните работници како маргинализирана заедница.
Задачи на обучувачот за време на ангажманот
- Да развие методологија и агенда за обуката;
- Да подготви материјали за обуката кои ќе ги сподели со проектниот тим;
- Да ја спроведе обуката во координација со проектниот тим;
- Да изготви и поднесе краток писмен извештај, најдоцна 7 работни дена по завршувањето на обуката.
Информации за ангажманот
Предвиден датум за одржување на оваа обука е 27 март 2023 година. Местото на одржување на обуката ќе биде дополнително определено. За предвидениот ангажман (подготовка и испорака на обуката и подготовка и испорака на извештај) е предвиден еднократен хонорарен надомест од 6.200 денари во бруто износ.
Потребни квалификации
Обучувачот треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:
- Да поседува професионално искуство во заштитата од дискриминација како област и искуство во спроведување обуки во истата област;
- Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.
Потребни документи
- Кратко писмо за интерест со опис на искуството, квалификациите и вештините потребни за ангажманот и кратка предлог методологија и агенда за работа за обуката во времетрање од 6 ефективни работни часа.
Начин на аплицирање
Документите со назнака на пораката Јавен повик за обучувач (2) да се достават на електронска пошта star.contact@yahoo.com и micov@starsexwork.org најдоцна до 20.03.2023 година до 16:00 часот. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата за ангажирање на обучувач по електронски пат најдоцна до 21.03.2023 година до крајот на работниот ден.