ЈАВЕН ПОВИК за избор на експерт/ка за спроведување еднодневна обука за зајакнување на капацитетите на врснички тим за одговор на насилство и трговија со луѓе

1. Објавувач на повикот

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје на ден 19.09.2025 година објавува Јавен повик за избор на експерт/ка за спроведување еднодневна обука за зајакнување на капацитетите на врснички тим за одговор на насилство и трговија со луѓе, со фокус на идентификација на жртви и протоколи и сервиси за постапување, со цел врсничкиот тим да биде целосно оспособен за обезбедување ефикасна врсничка поддршка.

Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Самоидентификувани сексуални работници во борба против сексуалното насилство и трговијата со жени и девојки“, поддржан од UN Trust Fund to End Violence against Women. Крајната цел на проектот е самоидентификуваните сексуални работници во Северна Македонија кои се жртви на или се изложени на ризик од сексуално насилство, експлоатација и трговија со луѓе, ќе имаат поголема слобода на дејствување, безбедност и пристап до правда.

Повеќе за проектот може да прочитате на следниов линк: Самоидентификуваните сексуални работнички во борба против сексуалното насилство и трговијата со жени и девојки

2. Цели на ангажманот

Целта на повикот е избор на стручно лице од областа на превенцијата на сексуалното насилство и трговијата со луѓе кое ќе подготви и реализира еднодневна практична и интерактивна обука со која ќе се обезбеди:

  • унапредување на знаењата и вештините за идентификација на жртви и лица изложени на ризик;
  • запознавање со постојните национални протоколи и сервиси за постапување;
  • развивање на пристапи за градење доверба, комуникација и обезбедување врсничка поддршка.

3. Опис на задачите

Експертот/ката ќе има обврска да:

  1. Развие еднодневна програма и методологија за работа;
  2. Развие прашалник за проценка на пред и пост знаењето на учесниците;
  3. Спроведе еднодневна обука со врсничкиот тим;
  4. Развие и достави извештај за спроведената активност со препораки за натамошна работа.

4. Период на реализација

Ангажманот ќе се реализира во периодот од 01.10.2025 до 31.10.2025 година.

5. Финансиска понуда

Кандидат(к)ите, за ангажманот треба да достават финансиска понуда во бруто износ, изразена во американски долари.

6. Критериуми за избор

  • Искуство во подготовка и спроведување обуки во областа на родово базирано насилство, сексуално насилство, трговија со луѓе или работа со маргинализирани групи;
  • Квалитет на предлог програма/методологија за работа;
  • Економски најповолна понуда.

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Искуство и/или познавање на правата и потребите на сексуалните работници/чки и други маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.

7. Склучување договор

Здружението ќе именува комисија за избор, најдоцна во рок од 3 (три) работни дена по завршување на повикот. Со избраниот експерт/ка, здружението ќе склучи договор за повремено ангажирање. Условите за ангажманот ќе бидат заедно утврдени во договорот помеѓу извршителот и корисникот на услугата, предмет на ангажманот. Доколку комисијата не спроведе избор, рокот на јавниот повик ќе се продолжи.

8. Потребни документи за аплицирање

  • Кратко мотивациско писмо;
  • Професионална биографија (CV);
  • Предлог програма/методологија за спроведување на обуката;
  • Финансиска понуда изразена во бруто износ во американски долари.

9. Начин и рок за аплицирање

Документите треба да се достават со назнака:
„Јавен повик за избор на Експерт/ка за обука на врснички тим за одговор на насилство и трговија со луѓе“ на следните адреси на електронска пошта:
star.contact@yahoo.com и bozhinov@starsexwork.org

Краен рок за аплицирање: 26.09.2025 година,16:00 часот.

Нецелосни апликации и пријави доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Избраниот кандидат/ка ќе биде известен/а по електронски пат, најдоцна до 30.09.2025 година.

Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК за избор на Експерт/ка за обука на врснички тим за одговор на насилство и трговија со луѓе во оригинална форма на следниов линк.