Врз основа на Одлуката за свикување Годишно Собрание на членовите на Здружението за деловната 2024 година број 02-078/1 донесена од страна на Претседателот на ден 12.06.2025 година, и член 24 став (2) од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010, 135/2011 и 55/2016) и член 18 од Статутот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (Пречистен текст) од 03.03.2022 година, Претседателот на Собранието/Здружението за поддршка на маргинализирани работници (во понатамошниот текст само Здружението) на ден 13.06.2025 година објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за свикување на Годишно собрание на членовите на
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ
СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2024 година
1. ДАТУМ, ЧАС И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ
Со Одлука за свикување на Годишно Собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ донесена од страна на Претседателот на ден 12.06.2025 година, се свикува седница на Годишното собрание на членовите на Здружението за деловната 2024 година.
Годишното собрание ќе се одржи преку онлајн платформата Zoom, на ден 27.06.2025 година (петок), со почеток во 12 часот.
Линкот за приклучување на Zoom платформата ќе биде доставен до членовите по електронски пат, а по потреба и преку други комуникациски канали најдоцна три дена пред одржувањето на Годишното собрание.
2. РАБОТЕН ДЕЛ
За работа на седницата на Годишното собранието на членовите на Здружението се предлага следниот:
Р А Б О Т Е Н Д Е Л
I.Процедурален дел;
II.Изборен дел;
III. Работен дел.
3. ДНЕВЕН РЕД
За работа на седницата на Годишното Собрание на членовите на Здружението се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I. Процедурален дел
1.Отворање на Годишното собрание на членовите на Здружението;
2. Утврдување кворум за работа на Собранието;
3.Верификација на списокот на пријавени и присутни членови и/или нивни полномошници согласно Регистерот на членови на Здружението;
II. Изборен дел
- Избор и именување на членови на Комисија за гласање и Претседател на Комисијата за гласање;
- Избор и именување на Записничар на Собранието;
- Избор и именување на Оверувачи за записникот од Собранието.
- Избор и именување на член на Управниот Одбор;
III. Работен дел.
1.Разгледување и усвојување на Годишен извештај на здружението за деловната 2024 г.
ПРИЛОГI_Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2024 година;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2024 година.
2.Разгледување и усвојување на Завршната сметка и Даночен биланс на Здружението за деловната 2024 година
ПРИЛОГI_Завршна сметка на Здружението за 2024 година;
ПРИЛОГII_Даночен биланс на Здружението за 2024 година;
ПРИЛОГIII_Одлука за усвојување на Завршната сметка и Даночен биланс на Здружението за деловната 2024 година.
3.Разгледување и усвојување Програма за работа на Здружението за деловната 2025
ПРИЛОГI_Програма за работа на Здружението за 2025 година;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Програма за работа на Здружението за 2025 година.
4.Рагледување и усвојување на Политика за заштита на околината, работната средина и благосостојбата на луѓето
ПРИЛОГI_ Политика за заштита на околината, работната средина и благосостојбата на луѓето;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Политика за заштита на околината, работната средина и благосостојбата на луѓето.
5.Разгледување и усвојување на Политика за заштита од сексуална експлоатација и злоупотреба (СЕЗ)
ПРИЛОГI_Политика за заштита од сексуална експлоатација и злоупотреба (СЕЗ)
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Политика за заштита од сексуална експлоатација и злоупотреба (СЕЗ).
6.Разгледување и усвојување на Политика за заштита од сексуално вознемирување и напад
ПРИЛОГI_Политика за заштита од сексуално вознемирување и напад
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Политика за заштита од сексуално вознемирување и напад.
7.Разгледување и усвојување на Правилник за процес на плаќање на платниот промет
ПРИЛОГI_Правилник за процес на плаќање на платниот промет
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Правилник за процес на плаќање на платниот промет.
8. Разгледување и усвојување на Организациски правилник за развој на организациски програми и годишен работен план на здружението
ПРИЛОГI_ Организациски правилник за развој на организациски програми и годишен работен план на здружението
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Организациски правилник за развој на организациски програми и годишен работен план на здружението.
9.Разгледување и усвојување на Организациски правилник за управување со ризици
ПРИЛОГI_ Организациски правилник за управување со ризици
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Организациски правилник за управување со ризици.
10.Разгледување и усвојување на Организациски правилник за систем на мониторинг и евалуација (МЕ)
ПРИЛОГI_ Организациски правилник за систем на мониторинг и евалуација (МЕ)
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Организациски правилник за систем на мониторинг и евалуација (МЕ).
11.Разгледување и усвојување на Организациски правилник за управување со човечки ресурси (HR политика)
ПРИЛОГI_ Организациски правилник за управување со човечки ресурси (HR политика)
ПРИЛОГII_Одлика за усвојување на Организациски правилник за управување со човечки ресурси (HR политика).
12.Разгледување и усвојување на Организациски правилник за управување со ресурси
ПРИЛОГI_ Организациски правилник за управување со ресурси
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Организациски правилник за управување со ресурси.
13.Разгледување и усвојување на Правилник за финансиско известување и отчет
ПРИЛОГI_ Правилник за финансиско известување и отчет
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Правилник за финансиско известување и отчет.
14.Прием на нови членови и одземање членство
ПРИЛОГI_Регистер на членство на членови од редовите на заедницата
ПРИЛОГII_Регистер на членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението.
ПРИЛОГIII_Одлука за прием на членови од редовите на заедницата и прием на членови на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението
ПРИЛОГIV_Одлука за одземање на членство на членови од редовите на заедницата и одземање членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението.
15.Разно
4. Право на учество
Право на учество на Собранието имаат сите членови со право на глас кои пристапиле кон членство во Здружението поднесувајќи Пристапница за членство од редовите на заедницата, најдоцна до 14 дена пред денот на одржување на седница на Собранието.
На Собранието, членовите на Здружението ќе учествуваат онлајн, а во случај на спреченост да овластат полномошник да ги застапува со полномошно.
Претседателот на Собранието се стекнува со право да покани гости на Собранието без право на глас.
5. Материјали
Материјалите за Годишното Собрание на Здружението Стар-Стар Скопје им се достапни на увид на сите членови со право на глас, од денот на објавување на овој Јавен повик, секој работен ден од 10 до 17 часот во просториите на Здружението.
Материјалите во електронска форма ќе бидат испратени до присутните членови на денот на одржување на собранието преку онлајн платформата Zoom.
Во прилог ОДЛУКА за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2024 година во оригинална форма на следниов линк и
ЈАВЕН ПОВИК за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2024 година во оригинална форма на следниов линк.