Врз основа на Одлуката за свикување Годишно собрание на членовите на Здружението за деловната 2022 година, број 02-087/1 донесена од страна на Претседателот на ден 07.03.2023 година, и Член 24 став (2) од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010, 135/2011 и 55/2016), и Член 19 и Член 21 од Статутот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (Пречистен текст) од ден 03.03.2022 година, Претседателот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници (во понатамошниот текст само Здружението) на ден 15.03.2023 година објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за свикување на Годишно собрание на членовите на
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ
СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2022 година
1. ДАТУМ, ЧАС И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ
Со Одлука за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ, деловоден број 02-087/1 донесена од страна на Претседателот на ден 07.03.2023 година, се свикува седница на Годишното собрание на членовите на Здружението за деловната 2022 година.
Годишното собрание ќе се одржи во Скопје, хотел Панорамика Дизајн & Спа, на ден 25.03.2023 година (сабота), со почеток во 12 часот.
2. РАБОТЕН ДЕЛ
За работа на седницата на Годишното собрание на членовите на Здружението се предлага следниот:
Р А Б О Т Е Н Д Е Л
I. Процедурален дел;
II. Изборен дел;
III. Работен дел.
3. ДНЕВЕН РЕД
За работа на седницата на Годишното Собрание на членовите на Здружението се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I. Процедурален дел
1.Отворање на Годишното собрание на членовите на Здружението со поздравен говор;
2.Утврдување на кворум за работа на Собранието;
3.Верификација на списокот на пријавени и присутни членови и/или нивни полномошници согласно Регистерот на членови на Здружението.
II. Изборен дел
1. Избор и именување на членови на Комисија за гласање и Претседател на Комисијата за гласање;
2. Избор и именување на Записничар на Собранието;
3. Избор и именување на Оверувачи за записникот од Собранието;
4.Отповикување на членови на Управниот одбор, одземање на правата и ослободување од должностите и обврските, и избор и именување на нови членови на Управниот одбор.
III. Работен дел
1.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење за деловната 2022 година;
ПРИЛОГI_Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2022 година;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2022 година_250323.
2. Разгледување и усвојување на Завршната сметка на Здружението за деловната 2022 година;
ПРИЛОГI_Завршна сметка на Здружението за 2022 година;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Завршната сметка на Здружението за деловната 2022 година_250323.
3. Разгледување и усвојување Програма за работа на Здружението за деловната 2023;
ПРИЛОГI_Програма за работа на Здружението за 2023 година;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување Програма за работа и Работен план на здружението за деловната 2023 година_250323.
4. Усвојување одлука за продолжување времетрање на закуп на деловен простор;
ПРИЛОГI_Одлука за продолжување времетраење на закуп на деловен простор_250323.
5.Разгледување и усвојување интерни акти, политики и правилници на здружението за заштита на личните податоци (ЛП);
ПРИЛОГI_Акциски план за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци;
ПРИЛОГII_Акт за роковите за чување на личните податоци;
ПРИЛОГIII_Политика за системот за заштита на обработката на личните податоци;
ПРИЛОГIV_Политика за правата на субјектите на личните податоци;
ПРИЛОГV_Политика за пријава за нарушување на безбедноста на личните податоци;
ПРИЛОГVI_Известување до Агенцијата за заштита на личните податоци за нарушување на безбедноста;
ПРИЛОГVII_Известување до субјектот на лични податоци за нарушување на безбедноста;
ПРИЛОГVIII_Политика за приватност;
ПРИЛОГIX_Политика за користење на колачиња;
ПРИЛОГX_Правилник за определување на обврските и одговорностите на овластените лица;
ПРИЛОГXI_Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци;
ПРИЛОГXII_Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци;
ПРИЛОГXIII_Правилник за начинот на уништување на документите со лични податоци по истекот на рокот за нивно чување во Здружението;
ПРИЛОГXIV_Извештај за утврдување и проценка на ризикот од обработка на личните податоци;
ПРИЛОГXV_Изјава за приватност за кандидати за вработување;
ПРИЛОГXVI_Изјава за согласност за обработка на лични податоци;
ПРИЛОГXVII_Изјава за повлекување на согласноста за обработка на личните податоци;
ПРИЛОГXVIII_Изјава за тајност и заштита на личните податоци;
ПРИЛОГXIVОбразец за согласност од неуспешен кандитат;
ПРИЛОГXX_Овластување за обработка на лични податоци;
ПРИЛОГXXI_Одлука за усвојување интерни акти, политики и правилници за заштита на личните податоци (ЛП) со кои располага здружението_250323.
6. Прием на нови членови и одземање членство;
ПРИЛОГI_Одлука за одземање на членство на членови од редовите на заедницата и одземање членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението_250323.
ПРИЛОГII_Одлука за прием на членови од редовите на заедницата и прием на членови на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението_250323.
7.Разно.
4. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на Собранието имаат сите членови со право на глас кои пристапиле кон членство во Здружението поднесувајќи Пристапница за членство од редовите на заедницата, најдоцна до 14 дена пред денот на одржување на седница на Собранието.
На Собранието, членовите на Здружението ќе учествуваат лично, а во случај на спреченост да овластат полномошник да ги застапува со полномошно.
Претседателот на Собранието се стекнува со право да покани гости на Собранието без право на глас.
5. МАТЕРИЈАЛИ
Материјалите за Годишното Собрание на Здружението Стар-Стар Скопје им се достапни на увид на сите членови со право на глас, од денот на објавување на овој Јавен повик, секој работен ден од 10 до 17 часот во просториите на Здружението.
Материјалите за Годишното Собрание на Здружението Стар-Стар Скопје во електронска и хартиена форма ќе бидат достапни за сите членови со право на глас, во холот на просториите каде ќе се одржува седницата на Собранието.
Во прилог ОДЛУКА за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2022 година во оригинална форма на следниов линк и
ЈАВЕН ПОВИК за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2022 година во оригинална форма на следниов линк.