ЈАВЕН ПОВИК за избор на експерт/ка за развој на „сеопфатен тренинг-модул за самоидентификувани сексуални работници/чки за препознавање, пријавување и одговор на сексуално насилство и трговија со луѓе“

1. Објавувач на повикот

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, на ден 21.11.2025 година, објавува Јавен повик за избор на експерт/ка за развој на сеопфатен тренинг-модул за самоидентификувани сексуални работници/чки за препознавање, пријавување и одговор на сексуално насилство и трговија со луѓе со цел да се обезбеди функционален, контекстуално релевантен и практично употреблив едукативен ресурс за самоидентификувани сексуални работници, кој ќе овозможи унапредување на нивната безбедност, информираност, пристап до поддршка и капацитети за самозаштита.

Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Самоидентификувани сексуални работници во борба против сексуално насилство и трговија со жени и девојки“ поддржан од UN Trust Fund to End Violence against Women. Крајната цел на проектот е самоидентификуваните сексуални работници во Северна Македонија кои се жртви на или се изложени на ризик од сексуално насилство, експлоатација и трговија со луѓе, да имаат поголема слобода на дејствување, безбедност и пристап до правда.

Повеќе за проектот може да прочитате на следниов линк: Самоидентификувани сексуални работници во борба против сексуалното насилство и трговијата со жени и девојки

2. Цел на ангажманот

Целта на ангажманот е да се развие специјализиран, сеопфатен тренинг-модул наменет за лица кои се самоидентификуваат како сексуални работници/чки. Модулот треба да обезбеди практични знаења, алатки и ресурси за препознавање, пријавување и одговор на сексуално насилство и трговија со луѓе, со цел јакнење на безбедноста, самозаштитата и пристапот до поддршка.

3. Опис на задачите

Ангажираниот/ната експерт/ка ќе биде задолжен/а да:

  1. Развие сеопфатен тренинг модул со структура, содржина, сесии, активности и материјали кој опфаќа:
  • препознавање на ризични ситуации, форми на сексуално насилство и индикатори за трговија со луѓе;
  • постапки за безбедно пријавување и достапни служби за поддршка;
  • стратегија за самозаштита и реакција во итни ситуации;
  • информации за законската рамка и правата на сексуалните работници;
  • информации за законската рамка која третира трговија со луѓеи заштита на жртви;
  • ресурси и механизми за упатување.
  1. Изработка на практични алатки и материјали кои опфаќаат:
  • придружни материјали потребни за спроведување на обука (алатки за самопроценка на знаење, презентации, сценарија за вежби, список на релевантни сервиси, листа на учесници)
  1. Подготовка на финален извештај кој опфаќа:
  • наративен опис на процесот на развој на задачите од точка 1 и 2 и препораки за понатамошна употреба и унапредување.

Во развојот на тренинг модулот и практичните алатки и материјали, експертот/ката треба да осигура дека истите се контекстуално релевантни, засновани на локалните услови, институционалните бариери и специфичностите на сексуалната работа, прилагодени на јазик разбирлив за различните нивоа на формално образование.

4. Период на реализација

Ангажманот ќе се реализира во периодот од 05.12.2025 до 25.12.2025 година а ќе ги опфати сите активности наведени под точки 1 до 3 од описот на задачите.

5. Финансиска понуда

Кандидат(к)ите, за ангажманот треба да достават финансиска понуда во бруто износ, изразена во американски долари (USD).

6. Критериуми за избор

  • Најмалку 3 години искуство во развој на едукативни програми, тренинг-модули, материјали, и/или прирачници;
  • Силно познавање на темите сексуално насилство, родово-базирано насилство и трговија со луѓе;
  • Познавање на контекстот на сексуалната работа, трговијата со луѓе, ранливи заедници и правната рамка;
  • Квалитет на предлог програма/методологија за работа;
  • Портфолио/референца од изработени едукативни програми, тренинг-модули, материјали, и/или прирачници;
  • Економски најповолна понуда.

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Искуство со работа и/или познавање на правата и потребите на сексуалните работници/чки и други маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.

7. Склучување договор

Здружението ќе именува Комисија за евалуација и избор најдоцна во рок од 3 (три) работни дена по завршување на повикот. Со избраниот експерт/ка, здружението ќе склучи договор за повремен ангажман. Условите за ангажманот ќе бидат дополнително усогласени во договор помеѓу двете страни. Доколку комисијата не спроведе избор, јавниот повик може да биде продолжен.

8. Потребни документи за аплицирање

  • Кратко мотивациско писмо;
  • Професионална биографија (CV);
  • Предлог програма/методологија за изработка на сеопфатниот тренинг-модул;
  • Портфолио/референца од изработени едукативни програми, тренинг-модули, материјали, и/или прирачници.
  • Финансиска понуда изразена во бруто износ во американски долари (USD).

9. Начин и рок за аплицирање

Документите треба да се достават со назнака: Јавен повик – Експерт/ка за изработка на сеопфатен тренинг модул на следната електронска адреса: star.contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 28.11.2025 година,16:00 часот.

Нецелосни апликации и пријави доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Избраниот кандидат/ка ќе биде известен/а по електронски пат, најдоцна до 03.12.2025 година.

Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК за избор на експерт/ка за изработка на сеопфатен тренинг модул во оригинална форма на следниов линк

Tags: , ,