1. Објавувач на повикот
Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, на ден 03.10.2025 година, објавува Јавен повик за избор на експерт/ка за развој на организациски систем за мониторинг и учење (Monitoring & Learning – M&L) со цел да се воспостави функционален механизам за следење на напредокот, влијанието и ефективноста на тековен проект на организацијата, како и за обезбедување континуирано унапредување, учење, транспарентност и отчетност во неговото спроведување.
Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Самоидентификувани сексуални работници во борба против сексуалното насилство и трговијата со жени и девојки“, поддржан од UN Trust Fund to End Violence against Women. Крајната цел на проектот е самоидентификуваните сексуални работници во Северна Македонија кои се жртви на или се изложени на ризик од сексуално насилство, експлоатација и трговија со луѓе, да имаат поголема слобода на дејствување, безбедност и пристап до правда.
Повеќе за проектот може да прочитате на следниов линк: Самоидентификуваните сексуални работнички во борба против сексуалното насилство и трговијата со жени и девојки
2. Цел на ангажманот
Целта на повикот е избор на стручно лице кое ќе дизајнира, развие и предложи функционален систем за мониторинг и учење, усогласен со целите на проектот и потребите на здружението.
3. Опис на задачите
Експертот/ката ќе биде одговорен/а за:
- Спроведување анализа на постојната состојба и потребите на здружението, преку консултации со проектниот тим;
- Развој на систем за мониторинг и учење;
- Дизајнирање алатки за мерење успех на индикатори (прашалници, шаблони за интервјуа, онлајн форми и сл.);
- Воспоставување механизми за собирање и анализа на податоци и известување;
- Развој на механзими за учење и користење на податоци;
- Организирање еднодневна обука и менторство за проектниот тим во однос на користење на системот, анализа и толкување на податоци и учење базирано на податоци.
- Изготвување финален извештај кој го документира целиот процес во практичен водич и вклучува препораки за одржување, подобрување и адаптација на воспоставениот систем.
4. Период на реализација
Ангажманот ќе се реализира во периодот од 01.11.2025 до 15.12.2025 година, со вкупно предвидени 10 работни дена за консултации, развој, обука и испорака на финален извештај.
5. Финансиска понуда
Кандидат(к)ите, за ангажманот треба да достават финансиска понуда во бруто износ, изразена во американски долари (USD).
6. Критериуми за избор
- Искуство во развој на системи за мониторинг и евалуација (M&E) или мониторинг и учење (M&L)
- Познавање на проектен менаџмент и работа во граѓански сектор;
- Искуство со градење капацитети и обуки поврзани со мониторинг и известување;
- Квалитет на предлог програма/методологија за работа;
- Економски најповолна понуда.
Предност ќе имаат кандидати со:
- Искуство со работа и/или познавање на правата и потребите на сексуалните работници/чки и други маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.
7. Склучување договор
Здружението ќе именува комисија за евалуација и избор најдоцна во рок од 3 (три) работни дена по завршување на повикот. Со избраниот експерт/ка, здружението ќе склучи договор за повремен ангажман. Условите за ангажманот ќе бидат дополнително усогласени во договор помеѓу двете страни. Доколку комисијата не спроведе избор, јавниот повик може да биде продолжен.
8. Потребни документи за аплицирање
- Mотивациско писмо со опис на релеватно искуство во развој на системи за мониторинг и евалуација (M&E) или мониторинг и учење (M&L);
- Професионална биографија (CV);
- Предлог програма/методологија за развој на системот;
- Финансиска понуда изразена во бруто износ во американски долари.
9. Начин и рок за аплицирање
Документите треба да се достават со назнака: Јавен повик – Експерт/ка за развој на систем за мониторинг и учење на следната електронска адреса: star.contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 17.10.2025 година, 16:00 часот.
Нецелосни апликации и пријави доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Избраниот кандидат/ка ќе биде известен/а по електронски пат, најдоцна до 23.10.2025 година.
Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК за избор на експерт/ка за развој на систем за мониторинг и учење во оригинална форма на следниов линк.