ЈАВЕН ПОВИК за избор на експерт за развој на извештај од областа на човекови права, социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје на ден 03.05.2023 година, објавува Јавен повик за избор на експерт за развој на Извештај од истражување за искуствата и знаењето на сексуалните работници во однос на човекови права, социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права – според наодите од прибраните податоци помеѓу заедницата во 2023 година.

ВОВЕД

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволната сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество. При тоа, СТАР-СТАР ги мобилизира сексуалните работници за нивно активно учество во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа.

Оваа активност се спроведува во рамки на стратешките програмски определби на организацијата согласно Стратешкиот план за периодот 2022-2025, преку проектот Национална имплементација на Глобалната рамка за социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права, со цел да се подобри грижата и поддршката за сексуалните работници во пристапот до социјална, здравствена и правна заштита. Овие активности се реализираат со финансиска поддршка од регионалната мрежа SWAN – Sex Worker’s Rights Advocacy Network.

ОПИС НА ЕКСПЕРТСКИТЕ УСЛУГИ

Експертот треба да развие и испорача извештај од истражување за искуствата и знаењето на сексуалните работници во однос на човекови права, социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права – според наодите од прибраните податоци помеѓу заедницата на сексуални работници во 2023 година. Прибирањето на податоците се спроведуваше преку партиципативно истражување базирано на структуриран прашалник, развиен и спроведен со директна вклученост на сексуалните работници.

Целите на оваа истражување се:

  1. Да ги документира искуствата и знаењето на сексуалните работници во Република Северна Македонија во однос на човекови права, социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права, и
  2. Да понуди конкретни насоки и препораки за системско унапредување на пристапот до социјална, здравствена и правна заштита за сексуалните работници во Република Северна Македонија.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ

  • Да направи анализа на квантитативните и квалитативните наоди од прибраните податоци преку истражувањето спроведено помеѓу заедницата на сексуални работници во 2023 година;
  • Да спроведе деск истражување на секундарни извори на податоци и информации;
  • Да изготви и испорача наративен извештај од истражувањето, вклучувајќи заклучоци и препораки кои ќе се темелат на наодите од деск истражувањето и прибраните податоци преку истражувањето спроведено помеѓу заедницата на сексуални работници во 2023 година.

Експертот за развој на извештајот, работниот ангажман ќе го извршува во соработка со Програмскиот раководител на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, а по потреба и со останати лица ангажирани во организацијата.

ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ

За работниот ангажман е предвиден еднократен хонорарен надомест во БРУТО износ од 600 долари во денарска противвредност по курс утврден по прием на средствата од страна на донаторот, а врз основа на авторски договор за експертски услуги.

Краен рок за спроведување на работниот ангажман е 30.06.2023 година.

КВАЛИФИКАЦИИ И КРЕТИРИУМИ ЗА ИЗБОР

Експертот треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:

  • Искуство како истражувач и развој на извештаи од областа на социјалната, здравствената и правната заштита или во доменот на правата на маргинализираните заедници;
  • Општо познавање на правната рамка за социјалната, здравствената и правната заштита во Република Северна Македонија;
  • Способности за планирање, организација и навремено исполнување на зададените задачи.

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Претходно искуство во развој на слични извештаи;
  • Искуство или познавања од областа на правата на сексуалните работници или останати маргинализирани заедници во во Република Северна Македонија.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Кратко писмо за интерес кое вклучува:

– Опис на искуството, квалификациите и вештините потребни за ангажманот;

– Кратка предлог методологија со временска рамка за развој на извештајот;

– Линк до најмалку едно спроведено публикувано истражување кое го носи името на   авторот/апликантот од иста или слична област на истражување.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Документите со назнака на пораката Јавен повик за експерт – развој на извештај од истражување да се достават на двете електронски пошти: star.contact@yahoo.com и micov@starsexwork.org најдоцна до 10.05.2023 година до 16:00 часот. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата за ангажирање на експерт по електронски пат најдоцна до 15.05.2023 година до крајот на работниот ден.

Со кликнување на овој линк можете да го прочитате Jавниот повик за избор на експерт за развој на извештај од областа на човекови права, социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права во оригиналната форма.

Tags: , , , , , ,