Презентација на извештај од истражување: Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во РСМ при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита

На 22 ноември (петок), 2024, во Скопје Мериот Хотел, СТАР-СТАР Скопје ќе одржи јавен настан на кој ќе се презентира извештајот од истражувањето: „Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во РСМ при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита“.

Овој настан има за цел да го зајакне застапувањето пред институциите и да се поттикне овозможувачка околина за подобрување на правата и услугите од социјалната и здравствената заштита за сексуалните работници. Присутните ќе имаат можност да учествуваат во дискусија за тоа како може да се подобри пристапот до овие услуги преку соработка со институциите и креирање политики што ги адресираат специфичните потреби на заедницата.

Доколку сакате да присуствувате на јавниот настан, потребно е да се регистрирате на следниов линк, најдоцна до 20 ноември 2024 година (среда): https://tinyurl.com/registracija-za-nastan

Реализирањето на јавниот настан е во рамки на проектот „Национална имплементација на Глобалната рамка за социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права за 2024 година“, поддржан од регионалната мрежа SWAN – Sex Worker’s Rights Advocacy Network.

Tags: , ,