Спроведени 20 интервјуа со сексуални работници за истражувањето Пристап до правда на ESWA

Во периодот од октомври 2022 – април 2023, СТАР-СТАР спроведе 20 интервјуа со сексуални работници во нашата земја, со цел прибирање на податоци за потешкотиите и предизвиците со кои сексуалните работници се соочуваат при пристапот до правда, фокусирано на односот помеѓу сексуалните работници и полицијата.

Спроведувањето на овие интервјуа е во рамки на истражувачкиот FPAR проект Пристап до правда: улогата на полициското работење во искуствата со соочување со правдата кај сексуалните работници, на Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA), во кој се вклучени 12 организации – членки на мрежата од 10 европски земји кои работат на заштита на правата на сексуалните работници, меѓу кои и СТАР-СТАР, давајќи и можност на нашата заедница да сподели искуства со полицијата при пристапот до правда.

Ова истражување на ESWA има за цел да го истражи искуството на сексуалните работници со полиција во Европа и Централна Азија и да го осигура пристапот на сексуалните работници до правда и државната заштита од насилство и експлоатација. Се планира извештајот од истражувањето да биде објавено на почетокот од 2024 година.

Tags: , , ,