Во рамки на настанот “Денови против насилството врз сексуалните работници“ кои се одржа од 15-17 декември, беше организиран и уметнички перформанс во центарот на Скопје – Skopje Red Light District.
Уметничката инсталација – Skopje Red Light District за момент го отслика шармот на улицата на црвените фенерите во Амстердам. Шест девојки по примерот на сексуалните работнички од Улицата на црвените фенери имаа свој перфоманс на улицата Св. Климент Охридски во Скопје. Секоја од нив имаше свој излог и поинаков настап, преку кој индиректно разговараа со публиката и им поставуваа прашања од типот “Му фали ли на Скопје ова?“, “Треба некој да ме заштити?“, “Треба да останам забранета?“, “Треба да зборуваме јавно за ова?“, “Ме поддржуваш?“ и сл. Овој атрактивен настан имаше за цел да и покаже на општата јавност дека во Македонија постои сексуалната работа. Поради дискриминацијата и стигматизацијата од страна на институциите и јавноста, сексуалните работници најчесто работат во тајност и секојдневно трпат насилство кое не можат да го пријават до надлежните органи.
Skopje Red Light District беше организиран од страна на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „СТАР-СТАР“ во соработка со коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. Настанот во целост беше покриен од голем број на телевизиски медиуми.
Низ слики ви пренесуваме дел од атмосферата и што сè се случуваше додека сексуалните работнички го имаа својот атрактивен перформанс.
Фото: В. Џамбаски