INPUD и NSWP со заеднички информативен документ за сексуалните работници кои употребуваат дроги

Меѓународната мрежа на луѓе кои употребуваат дроги и Глобалната мрежа на проекти за сексуална работа на 18 октормври 2015 година упатија заедничко писмено известување до светската јавност во кое ги нагласуваат двојната стигматизација, дискриминација и криминализација на која се изложени сексуалните работници/-чки кои употребуваат дроги.

Поради општествената нетрпеливост кон употребата на дроги, но и кон сексуалната работa, сексуалните работници/-чки кои употребуваат дроги многу почесто се изложени на кривичен прогон, диксриминација, социјална исклученост, насилство и зголемена опасност од ХИВ/СИДА, хепатит Б и Ц и други сексуално и крвно преносливи инфекции. Наспроти ова, наместо подобар пристап до социјалните, здравствените и правните служби сексуалните работници/-чки кои употребуваат дроги често се соочуваат со дискриминација во овие служби или постоечките служби не се прилагодени на нивните потреби.

За подобрување на квалитетот на живот и работа за оваа заедница Меѓународната мрежа на луѓе кои употребуваат дроги и Глобалната мрежа на проекти за сексуална работа инсистираат на воведување на моделот „Ништо за нас без нас“. Ова подразбира дека сексуалните работници/-чки кои употребуваат дроги треба да бидат вклучени во креирањето на политики и програми и спроведувањето на сите служби наменети за нив. ”

Извор: http://hops.org.mk/