Сексуалните работници се препознаваат на глобално ниво како „клучна популација“, термин што се користи во областа на ХИВ за да се опишат маргинализираните и криминализирани заедници кои се изложени на поголем ризик од ХИВ и чие учество во реакциите на ХИВ е од клучно значење за да се стави крај на ширењето на овој вирус. Меѓународните заедници за јавно здравје и човекови права признаа дека криминализацијата на сексуалната работа, вклучително и криминализацијата на клиентите (познат како „Шведски модел“), негативно влијаат на здравјето на сексуалните работници и препорачуваат декриминализација на сексуалната работа и зајакнување на сексуалните работници и нивните заедници да ги намалат своите ранливи страни на насилство и ХИВ. Сепак, овој пристап базиран на докази и права, промовиран од Светската здравствена организација и Амнести Интернешнл, се повеќе се отфрла од европските влади кои, во последните две децении, го фаворизираа пристапот на криминализација со цел да се „укине проституцијата“.
Во 2020 година, Меѓународниот комитет за права на сексуалните работници во Европа (ICRSE) разви програма во партнерство со Европската група за третман на сида (EATG) со финансиска поддршка на Gilead Science. „Европската академија за црвен чадор: Програма за обука за сексуална работа и ХИВ“ која претставуваше плодна соработка помеѓу две регионални мрежи на сексуални работници и лица кои живеат со ХИВ.
Неколку дена по објавувањето на повикот за учесници за основната обука на програмата, СЗО прогласи појава на коронавирус за јавна здравствена вонредна состојба. Неколку недели подоцн, полицискиот час и затворањето на границите беа спроведени низ цела Европа за да го запрат вирусот. Сексуалните работници одеднаш останаа без приходи и многу здравствени услуги беа затворени, поради што беше потребно организации предводени од сексуални работници да обезбедат итна поддршка за помош.
Во светло на пандемијата, ICRSE мораше да ја адаптира својата работа, вклучително и програмата Академија „Црвен чадор“, и објавува серија ресурси на тема „Сексуална работа и превенција од ХИВ“. Овие ресурси, достапни како комплет алатки или како посебни документи, имаат за цел да обезбедат клучни информации за сексуални работници и активисти за ХИВ, како и за креаторите на политики и да ги потврдат заедничките и меѓународните препораки.
На следниот линк можете да го погледнете документот кој содржи студии на случај каде еден дел е посветен на Стар-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и тоа како досега, СТАР-СТАР разви две програми за заедницата во рамките на организацијатаи тоа здравствена програма и програма за застапување, бариерите со кои се соочуваше, а опишани се и најдобрите практики на организацијата.