На 4 Октомври, 2017, ICRSE се приклучи кон 20-от Европски Здравствен Форум кој се одржа во Гаштаин, Австрија. На оваа средба, Интернационалниот комитет за правата на сексуалните работници во Европа ги претстави потребите и барањата на сексуалните работници за нивното право на здравје. Во панел дискусијата “Подобрување на пристапот до здравствена заштита за недоволно услужени лица” беа вклучени претставници од повеќе организации кои работат со различни маргинализирани заедници, како што се затвореници, мигранти, припадници на ЛГБТ, бездомници и корисници на дрога.
Во склоп на дискусијата, беше одржана и работилница водена од страна на Анастасија Рајан, здравствен директор на ICRSE, која го презентираше петтото вкрстено издание на информативниот извештај за здравје: “Разбирање на сексуалните работници за нивното право на здравје: Влијание на криминализацијата и насилството”.
Овој извештај има за цел да ги едуцира сексуалните работници, здравствените работници и креаторите на политики за прашања поврзани со здравјето на сексуалните работници. Информативниот извештај го опфаќа воведувањето на правото на здравје, влијанието на криминализацијата и насилството врз здравјето на сексуалните работници, сексуалната работа и менталното здравје, здравјето при работа и обезбедува информации за прашања како задолжително и принудно тестирање.