549 невладини организации и над 50 академици го одбија извештајот кој предложува криминализација на клиенти поденесен од Мери Ханибол, европратеничка од Лондон.
Ивештајот ќе биде разгледуван на 27-ми февруари во Европскиот парламент, истиот доколку би бил усвоен нема да биде обврзувачки за земјите членки на ЕУ, но би имал огромно влијание кон градењето на идни политики кои ги таргетираат сексуалните работници и сексуалната работа.
Невладините организации, фондации, интелектуалци и академици побараа од Европскиот парламент да го отфрли “Извештај за проституција и сексуална експлоатација и неговото влијание врз половата еднаквост” , тие објавија и писмо со критички осврт кон извештајот на Ханибол.
Во предлог извештајот на оваа европратеничка се препорачува земјите-членки да го усвојат т.н. ” шведски модел “, кој што го криминализира купувањето на сексуални услуги , додека продажба на истите останува правно легален (но многу често криминализирано во пракса ).
Одговарајќи на иницијативата од страна на Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници во Европа (ICRSE) сите овие 549 невладини организации, од кои 466 со седиште во Европа и 50-тина академици и истражувачи противречат на овој извештај поднесен до Европскиот парламент. Во писмото и критичкиот осврт се вели:
Ние сме загрижени дека овој извештај не е прифатлив стандард на кој би се базирало гласањето во Европскиот парламент, исто така гласањето ЗА овој извештај ќе има сериозно и потенцијално опасно влијание врз и така веќе маргинализираните групи. Ние веруваме дека политиката треба да се базира на цврсти докази и на тој начин се надеваме дека ќе се гласа против предлогот да се криминализираат клиентите на сексуалните работници.
Во писмото исто така се потврдува дека извештајот на Ханибол е избор на предрасуди со пристрасни, неточни и побиени податоци. Меѓудругото се смета дека таа погрешно протолкувала два од нејзините извори, имено тоа е Извештајот на градот Амстердам и холандското Министерство за безбедност и правда, и од друга страна извештајот на германското Министерство за семејни работи.
Во писмото се заклучува : Да се базира било која политика на таков документ кој содржи методолошки недостатоци , особено документ кој би имал штетно влијание врз почитување на човековите права и благосостојбата на голем број од маргинализираните поединци, ќе биде поставување на опасен преседан.
Во писмото понатаму голем број на ХИВ и здравствени организации и институции ги предупредија креаторите на политики од опасноста која може да произлезе со изгласувањето на овој извештај. Загрижувачки е тоа што во овој извештај прашањето на јавно здравство во голема мера се игнорира. Тука се цитира и UNAIDS – советодавната група за ХИВ и сексуална работа, во нивниот извештај од 2011 година каде се даваат препораки до државите : Државите би требало да ја избегнуваат криминализацијата на сексуалната работа. Декриминализацијата треба да вклучува остранување на кривични казни за купување и продажба на секс, менаџирање на сексуалната работа и бордели, како и други активности поврзани со сексуалната работа.
Во препораките ICRSE повикува, ако живеете во една од 28-те членки на ЕУ, можете директно да му пишете на вашиот европратеник, и се апелира за споделување на акцијата преку социјаните мрежи.