Усвоена глобална политика со став за сексуалната работа – Меѓународна федерација за планирано родителство (IPPF)

Меѓународната федерација за планирано родителство (IPPF – International Planned Parenthood Federation) неодамна усвои глобален документ со став за сексуалната работа со кој се  нагласува потребата од целосна декриминализација на сексуалната работа ширум светот и кој се фокусира на мерките кои се потребни за обезбедување заштита и безбедност на луѓето кои се занимаваат со сексуална работа.

Политиката за сексуална работа јасно ја покажува позицијата и заложбите на Меѓународната федерација за планирано родителство (IPPF) во однос на сексуалната работа. Ова е прв пат IPPF да заземе став за сексуалната работа и да ги презентира вредностите и принципите засновани на човековите права кои се применуваат нашироко во сите контексти.

Донесувањето на оваа позиција се заснова на искуствата на сексуалните работници и ставовите и позициите на организации и мрежи предводени од сексуални работници ширум светот, меѓу кои и на СТАР-СТАР која активно учествуваше на консултативните состаноци како дел од сложениот процес за развој на оваа политика.

Меѓународната федерација за планирано родителство ги охрабрува сите свои организации-членки да ја користат оваа политика како насока во нивната заложба за почитување, заштита и унапредување на правата на сексуалните работници во рамки на своите активности, застапување и политики, релевантни за своите стратешки цели и национални контексти.

Глобалната политика во однос на сексуалната работа на IPPF може да се преземе/прочита на следниов линк:

https://europe.ippf.org/blogs/decriminalising-sex-work-vital-protect-womens-human-rights

Tags: , , ,