Информативно-едукативна брошура: ЧПП ЗА ПРОЦЕСОТ НА ТРАНЗИЦИЈА КАЈ ТРАНСРОДОВИТЕ ЛИЦА

СТАР- Првиот колектив на сексуални работници на Балканот во соработка со ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија издаде информативно-едукативна брошура „ЧПП (Често поставувани прашања) ЗА ПРОЦЕСОТ НА ТРАНЗИЦИЈА КАЈ ТРАНСРОДОВИТЕ ЛИЦА“ која содржи информации и насоки за достапните здравствени сервиси и услуги за трансродовите лица во Северна Македонија.

Брошура има за цел да им го олесни пристапот на трансродовите лица кои сакаат да почнат со процесите на транзиција, да ги упати каде да се обратат и кои чекори се потребни за отпочнување на овие процеси. Брошурата е достапна на македонски, албански, ромски и англиски јазик. Електронската верзија од брошурата може да се прочита и симне на следните линкови:

ЧПП (Често поставувани прашања) ЗА ПРОЦЕСОТ НА ТРАНЗИЦИЈА КАЈ ТРАНСРОДОВИТЕ ЛИЦА

PPSH (Pyetjet e parashtruara më shpesh) PËR PROCESIN E TRANZICIONIT TE PERSONAT TRANSGJINOR

BPP (But droma pučle pučiba) BAŠI TRANZICIAKORO PROCESI KO TRANSRODESKERE DŽENE

FAQ (Frequently Asked Questions) FOR THE TRANSITION PROCESS IN TRANSGENDER PEOPLE

Оваа публикација е издадена со поддршка од Eurasian Key Populations Coalition во рамки на грантот „Род и ХИВ“.