ЕВРОПСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ ГИ ОТФРЛИЈА ПРЕДЛОГ-АМАНДМАНИТЕ КОИ БИ JA ОГРАНИЧИЛЕ МОЖНОСТA НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ДА ДАДАТ СОГЛАСНОСТ

На 12 јули 2021 година европските парламентарци од Комитетот за правата на жените и родова еднаквост, гласаа за амандамни поврзани со дефинирањето на родово-базираното насилство како нова кривична област. Меѓународниот комитет за права на сексуалните работници во Европа (ICRSE) заедно со други 11 европски мрежи развија заедничко писмо кое го упатија до парламентарците и во кое беа наведени 4 амандмани кои ја ограничуваа можноста на сексуалните работници да дадат согласност, што беше земено предвид при гласањето во Европскиот парламент.

Одбиените амандмани го дефинираа сексуалниот акт помеѓу согласни возрасни лица како кривично дело, доколку актот е предмет на финансиска трансакција, со што беше занемарен основниот концепт на согласност. Такво изземање би создало правна несигурност која понатаму би се одразила врз дебатата околу сексуалното насилство. Согласноста е централен концепт не само во дефинирањето на сексуалното насилство и силувањето како што е кодифицирано со Истанбулската конвенција, туку и централен концепт за сексуалните работници.

За сексуалните работници, согласноста значи согласност за условите и правилата под кои се обезбедуваат сексуални услуги. Доколку се прекрши согласноста за овие услови и правила, инцидентот треба да се дефинира како силување или сексуален напад, а сексуалните работници треба да можат да се жалат и да пристапат до правда без осуда, стигма и дискриминација. Поврзувањето на сексуалната работа со сексуалната експлоатација ја поткопува способноста на луѓето да донесуваат информирани одлуки за нивниот приватен и сексуален живот. Меѓународниот комитет за права на сексуалните работници во Европа, во кој членува и СТАР-СТАР,  верува дека сите луѓе треба да имаат пристап до правото за носење на информирани одлуки за нивниот приватен и сексуален живот.

Писмото кое беше упатено до европските парламентарци од страна на Меѓународниот комитет за права на сексуалните работници во Европа (ICRSE) и другите 11 европски мрежи можете да го прочитате (на англиски јазик) овде.