Пролетна Европска недела на ХИВ тестирање 15-22 мај 2023

СТАР-СТАР оваа година се приклучува на Европската недела на ХИВ тестирање која ќе трае од 15 до 22 мај, 2023 година.

Во рамки на одбележување на пролетната кампања, СТАР-СТАР со поддршка од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а со цел да го направиме ХИВ тестирањето подостапно за нашата заедница на сексуални работници, секој ден во периодот од 15-19 мај од 10:00 до 16:00 часот, во просториите на нашата канцеларија ќе обезбедиме можност за бесплатно и доверливо самотестирање и советување за ХИВ или можност за преземање на комплети за ХИВ самотестирање. За подетални информации можете да нè исконтактирате во приватна порака на нашиот Фејсбук профил facebook.com/starsexwork или на слeднава електронска пошта: communications@starsexwork.org.

Европската недела на тестирање (ETW) е кампања која се одржува два пати во годината, во месец мај и во ноември, во која од нејзиното лансирање во 2013 година па се до денес, досега учество имаат земено над 700 европски организации и инстутуции. Целта на кампањата е преку обединета акција да се подигне свеста за важноста и придобивките од раното тестирање за ХИВ, да се зголеми пристапот до тестирање и да се овозможи што повеќе луѓе да го дознаат својот ХИВ статус, како и да им се овозможи пристап до терапија, грижа и поддршка.

Tags: ,