ICRSE (The International Committee on the Rights of Sex Workers in Europe) во соработка со EATG (European AIDS Treatment Group) организираат онлајн академија за обука на сексуални работници и активисти за ХИВ на тема сексуална работа и ХИВ, во периодот од 29 октомври до 28 ноември, 2020 година. Вкупно 5 лица од заедницата на сексуални работници од Р.С. Македонија, претставници на СТАР- Прв колектив на сексуални работници на Балканот земаат активно учество во оваа онлајн академија, и активно се вклучени во сесиите за обука кои се организираат два пати неделно.
Европската онлајн академија има за цел да ги обедини сексуалните работници и активистите од различни земји од Европа, вклучувајќи ги и претставниците на нашата организација со цел да бидат активно вклучени во развојот на брифинг-документи за застапување и едукација на тема ХИВ и сексуална работа.
Европската академија беше предвидена да се реализира во март оваа година, но поради кризата која ја зафати цел свет со пандемијата КОВИД-19, истата се преорганизира во онлајн академија која е во тек.