E-MPOWER онлајн алатка за спроведување обуки за сексуално здравје и правата на луѓето кои живеат со ХИВ, ЛГБТИ+ заедниците и сексуалните работници

Европската група за третман на СИДА (EATG), Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) и Legebitra на 06.07.2022, организираа онлајн вебинар за споделување на совети при креирање на онлајн обуки за застапници за сексуалното здравје кај млади лица. На онлајн сесијата, наменета за млади лица активисти на возраст од 18 до 30 години, и организации кои работат со млади, во областа на ХИВ, за правата на сексуалните работници и/или за сексуалното здравје и правата на ЛГБТИ+ заедницата беше промовирана и претставена алатката за млади активисти e-MPOWER.

Онлајн алатката за млади активисти, е-MPOWER е јавно достапна и содржи материјали и информации поврзани со менталното здравје, сексуалното здравје и правата на луѓето кои живеат со ХИВ, ЛГБТИ+ заедниците и сексуалните работници. Исто така, содржи и специфични извештаи за e-MPOWER со препораки за спроведување онлајн обуки за сексуално здравје, следење и евалуација на содржината на обуката и проценка на личното влијание на обуките врз учесниците и обучувачите, земајќи ја во предвид психолошката благосостојба на учесниците и дигитална безбедност.

Пакетот со алатки e-MPOWER е наменет за млади активисти, застапници, волонтери, обучувачи и оние кои работат/ соработуваат со младите, кои сакаат да испорачаат онлајн програма за обука за сексуално здравје и права.

Креирањето на алатката е во рамки на проектот „Партнерство за надминување на предизвиците на онлајн учењето и зајакнување на младите актери во полето на промоција на сексуалното здравје за време на КОВИД-19“ (e-MPOWER) беше соработка помеѓу Европската група за третман на СИДА (EATG), Европска Алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) и Legebitra, финансиски поддржана од Програма на ЕУ за образование, обука, млади и спорт –  Erasmus+.

Tags: