БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ (БПП) ЗА НАБАВКА СО ГОЛЕМА ВРЕДНОСТ

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје со седиште во Скопје на ул. 11 Октомври 22/2, за активностите во рамките на проектите финансирани од фондациите Red Umbrella Fund Грант број: 98775-2022 и Hivos преку грантовиот механизам Digital Defenders Partnership (DDP) Грант број: GO OPEN 00.0105/527, а во согласност со Правилникот за набавки на стоки, добра и услуги на Здружението, Ви го испраќа следново:

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ (БПП)

ЗА НАБАВКА СО ГОЛЕМА ВРЕДНОСТ

Барањето за прибирање на понуди (БПП) Анекс 1 од Правилникот за набавки на здружението се однесува за набавка на техничка опрема.

Ве замолуваме покрај дадената цена изразена во денари со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ) да биде вклучена и спецификација за производителот на производот.

Здружението го задржува правото да изврши измена во количината наведена во спецификацијата предмет на набавката, согласно постоечките финансиски ресурси за спроведување на набавката.

Рокот за доставување на понудата е 5 (пет) работни дена, најдоцна до петок 20.10.2023 година до 16:00 часот, на двете долунаведени електронски адреси.

Реализацијата на понудата ќе биде спроведена од страна на Комисијата за евалуација и избор, именувана од страна на здружението, по принципот на економски најповолна понуда согласно техничките карактеристики на производот.

Лице за контакт:

Оливер Белчовски

Тел. 070/696-929

Електронска пошта:

administration.finance@starsexwork.org

star.contact@yahoo.com

Во прилог и официјалното БПП за набавка на техничка опрема.

Tags: ,