Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје со седиште во Скопје на улица 11 Октомври 22/2, за потребите на проектот „Отпорноста на сексуалните работници во дигиталната ера“ финансиран од фондацијата Hivos преку грантовиот механизам Digital Defenders Partnership (DDP) Грант број: GO OPEN 00.0105/527, а во согласност со Правилникот за набавки на стоки, добра и услуги на здружението, Ви го испраќа следново:
БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ (БПП)
ЗА НАБАВКА СО ГОЛЕМА ВРЕДНОСТ
Барањето за прибирање на понуди (БПП) Анекс 1 од Правилникот за набавки на здружението се однесува за набавки на услуга: Организирање на дводневен “Тренинг за дигитална безбедност и одговор кон заканите за човековите права во дигиталната ера”, во периодот од 30.11.2023 до 02.12.2023 година.
Ве замолуваме понудената цена да биде изразена во денари со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).
Здружението го задржува правото да изврши измена во количината наведена во спецификацијата предмет на набавката, согласно постоечките финансиски ресурси за спроведување на набавката.
Рокот за доставување на понудата е 5 (пет) работни дена, најдоцна до четврток 23.11.2023 година до 16:00 часот, на двете долунаведени електронски адреси:
Реализацијата на понудата ќе биде спроведена од страна на Комисијата за евалуација и избор, именувана од страна на здружението, по принципот на економски најповолна понуда согласно барањата наведени во повикот.
Лице за контакт:
Оливер Белчовски
Тел. 02/3232-411; 070/696-929
Електронска пошта:
administration.finance@starsexwork.org
Во прилог и официјалното Барањето за прибирање на понуди (БПП).