Во рамки на грижата и поддршката за заедницата, СТАР-СТАР обезбеди бесплатни брзи антигенски тестови за детекција на коронавирус. Овие тестови се наменети за сексуалните работници кои немаат можност да се тестираат во јавните и приватните здравствени установи и лаборатории, а со цел заштита на личното и јавното здравје и спречување на ширењето на коронавирусот и пандемијата на КОВИД-19.
Во пресрет на 14 Септември – Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници, СТАР-СТАР организира доброволно, доверливо и бесплатно тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови во Скопје, Гостивар и Струмица во вторник (14 септември 2021 година). Со цел заштита и спречување на ширењето на коронавирусот што ја предизвикува болеста КОВИД-19, тестирањето ќе се одвива согласно тековните препораки и протоколи, а заинтересираните лица од заедницата ќе биде потребно претходно да се најават и да закажат термин за тестирање кое трае околу 15 минути. Закажување за тестирањето може да се направи на телефонскиот број 070/399-199.
Тестирањето со брзите антигенски тестови ќе биде возможно и достапно и по 14 септември преку теренските работници во Скопје, Гостивар и Струмица со претходно закажување на телефонскиот број 070/399-199.
Оваа активност е во насока на подигање на јавната свест, а особено помеѓу ранливите заедници како што се сексуалните работници и придонес кон заштитата и унапредувањето на личното и јавното здравје и во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници, кој се одбележува од 2019 година по иницијативата покрената од Глобалната мрежа на проекти за сексуална работа (The Global Network of Sex Work Projects).