Австралиската сојузна држава Викторија ќе ја декриминализира сексуалната работа

Владата на австралиската сојузна држава Викторија се подготвува да ја декриминализра сексуалната работа и да ја признае сексуалната индустрија преку стандардните закони кои се однесуваат на општите работни односи. Ова следува по објавениот преглед на состојбата со сексуалната работа објавен од политичката Партија на разумот (Reason Party), предводена од Фиона Патен. Партијата е основана во 2009 година под името Австралиска секс партија, но во 2018 година името на партијата било променето и се декларира како граѓанска либертаријанска алтернатива. 

Партијата во прегледот на состојбата со сексуалната работа наведуваат дека моменталниот систем остава многу маргинализирани лица незаштитени и ранливи на злоупотреби и насилство. Прегледот бил спроведен во 2020 година и моментално се наоѓа на разгледување кај властите  на сојузната држава, од каде се очекува извештај и предлог легислатива до крајот на годината.

Фиона Патен на изборите во 2014 година со поддршка од сексуалните работници

Ова е трета сојузна држава во Австралија која е на чекор до декриминализација на сексуалната работа, откако истата беше декриминалзирана во сојузната држава Нов Јужен Велс и Северната Територија. Министерката за потрошувачки работи исто така изјави дека дека декриминализацијата на сексуалната работа е најдобрата опција која ќе обезбеди поголема безбедност на сексуалните работници и ќе ја намали стигмата и стравот од криминални реперкусии. Таа додаде дека сексуалната работа е легитимна форма на работа и треба да биде регулирана како и останатите работни односи и индустрии во сојузната држава. Декриминализацијата ќе обезбеди безбедни работни услови што претставува основно човеково право. 

Сегашната легислатива ги присилува сексуалните работници да избираат помеѓу заштитата на нивната приватност и безбедност и правото на правна заштита. Со декриминализацијата на сексуалната работа ќе им овозможи на сексуалните работници пристап до законска заштита што им се нуди на сите работници и заштита од дискриминација.

Повеќе за ова на: https://bit.ly/3hoXwKI