94 Граѓански организации велат ДА за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилствo во новата концепција за Основно Образование

Ние подолупотпишаните здруженија, фондации и мрежи на граѓанскиот сектор изразуваме поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес.
Имајќи предвид дека бројни анализи на учебниците од основно, средно и високо образование укажаа на присуство на родови стереотипи и дискриминаторски наративи, а дополнително и комплетно или релативно отсуство на дадени социјални групи (жени, лица со попреченост, етнички други, ЛГБТИ итн.), ја поздравуваме насоченоста на новата концепција кон надминување на овие крупни проблеми во продукцијата на знаења и вештини во рамките на образованиот процес.

Воведувањето на изборен предмет за сексуално образование, како што предвидува новата концепција, дополнително ќе придонесе кон поголема информираност на младите за еднаквоста на луѓето, заштитата од насилство и намалувањето на дискриминацијата. Младите ќе бидат насочени повеќе кон логичко учење наместо фактографско, ќе имаат можност за дискусија, саморефлексија, носење на заклучоци преку интеракција, тимска работа и отвореност за туѓите приказни и искуства. Оттука, младите ќе научат да го земаат предвид како туѓото, така и своето мислење и потреби, ќе бидат емпатични и отворени за различности.

Резултатите од последната Студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст од Северна Македонија покажуваат дека да се омаловажува, да се навредува и да се довикуваат погрдни имиња со намера да се нанесе повреда е одомаќено однесување меѓу учениците во нашите училишта. Малтретирањето започнува на 11-годишна возраст, па дури и порано, го има својот пик во 13-та година, и натаму има тенденција да опаѓа. Сето ова влијае врз животот и здравјето на младите, кои според оваа студија искусуваат нерасположение и чувства на тага и безнадежност кои се зголемуваат со возраста, а суицидните мисли и планирањето на самоубиство се исто така застапени и наместо да се намалат, тие прогресираат со возраста.

Минатите недели сме сведоци на јавни објави на повеќе жени актерки за сексуалното малтерирање во Србија, што уште еднаш покажува дека жените се жртви на постојано насилство по родова основа. За жал, со вакви примери се сретнуваме сè почесто, а тоа го докажува и истражувањето на ОБСЕ од 2019 година кое укажува дека дури две третини жени од регионот претрпеле некаков вид на насилство. Случајот Јавна соба во Македонија исто така ни покажа дека денес девојчињата сè повеќе се предмет на сексизам и сексуално вознемирување и дека постои итна потреба од нивна системска заштита. Радува што жените сè повеќе денес се охрабруваат јавно да зборуваат за насилството и за вознемирувањето, но училиштето е вистинското место каде што дополнително треба да се стимулира учењето за еднаквоста и правичноста меѓу жените и мажите и за заштитата од сексуалното насилство.

Најзагрозените од родовите нееднаквости се лесно препознатливи во ранливите, немоќните, оние на кои им се одземени слободите и правата. Најчесто тоа се жените, девојчињата, сиромашните, различните и родово нетипичните, но и многу други, прикриени под превезот на сите други видови нееднаквости. Токму затоа, сметаме дека е важно покрај барањето на одговорност во насилниците, да погледнеме пошироко, во социо-политичките и културолошките услови на заедницата, општеството и образованието во кои нееднаквоста се создава и опстанува.

Учењето и прифаќањето на родовите идентитети ќе овозможи подобра интеграција на сите ученици со сите свои различности, а со тоа и намалување на родово-базираното насилство и булингот во училиштата. На децата и ранливите групи на млади им треба безбедна средина во училиштето, во која секој ќе се чувствува заштитен и подеднакво згрижен без разлика на неговата различност.

Учењето за етничките различности и нивното прифаќање во услови на зголемен диверзитет во општеството, како и поттикнувањето на интеркултурализмот ќе придонесат кон унапредување на еднаквоста и интеграција на децата од различни култури, етникуми и идентитети. Надминувањето и почитувањето на етничките различности е значајно кога зборуваме за инклузија во образовниот процес, а особено е значајно за намалување на насилството помеѓу учениците кое во изминатите неколку години бележи пораст на случаи кои во основата ја имаат токму етничката припадност на учениците.

И покрај тоа што новата концепција на основното образование ги потенцира принципите на родовата рамноправност и заштитата од дискриминација, го предлагаме и следново:

1. Воспоставување на национален родово образовен механизам под покровителство на Министерството за образование и наука кој ќе следи и ќе ги одобрува наставните планови и учебниците кои ќе се користат во образованието за да се гарантираат принципите на еднаквост и заштита од дискриминација и од говор на омраза од аспект на род, пол и родов идентитет;

2. Создавање на задолжителен систем на едукација и кариерен развој на наставниците во унапредување на нивните компетенции за родовите прашања, еднаквоста и недискриминацијата преку програмите за обука на наставници во рамките на Бирото за унапредување на образованието;

3. Следење на препораките на УНЕСКО при подготвувањето на наставните програми и содржини за сеопфатно сексуално образование кој се предлага како слободен изборен предмет во основното образование, а како проширување на веќе стекнатите знаења во рамките на постоечките редовни наставни содржини. Следењето на европските и светските добри пракси и научни стандарди се еден вид гаранција за да се обезбеди дека прашањата на родова еднаквост, заштитата од дискриминација и родово базираното насилство се засновани на принципите на човекови права, а не на погрешни назадни родови или популистички идеологии;

4. Унифицирање на практиките на прибирање податоци за насилство во училишта на национално ниво под покровителство на Министерство за образование и наука, а во соработка со Град Скопје и со секторите за образование при општините (ЗЕЛС);
5. Поттикнување на интеркултурализам и надминување и прифаќање на етничките различности со цел намалување на врсничкото насилство и интеграција на сите ученици во рамките на наставните програми за основното образование.

Потписници:
1. Платформа за родова еднаквост
2. Мрежа за заштита од дискриминација
3. Глас против насилство – Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
4. Платформа за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ
5. Македонска платформа против сиромаштија
6. Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија
7. Коалиција на младински организации СЕГА
8. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
9. Коалиција Маргини
10. Хелсиншки комитет за човекови права
11. МОФ – Младински образовен форум
12. ФООМ – Фондација Отворено општество Македонија
13. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
14. Акција Здруженска
15. Мрежа Стела
16. Реактор – Истражување во акција
17. НСРР – Национален совет за родова рамноправност во соработка
18. Хуманитарно здружение „Мајка“ од Куманово
19. Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк.
20. Женски форум Тетово
21. Организација на жените на општина Свети Николе
22. СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ
23. РСМ ТрансФормА
24. ЛГБТИ Центар за поддршка
25. Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје
26. ЛЕЗФЕМ
27. Еквалис
28. Здружение за поддршка и развој Хуманост
29. СОС Детско село Северна Македонија
30. Здружение на мултиетничко општество за човекови права, Штип
31. Бела Виста –Институт за одржлив рурален и регионален развој
32. Сумнал – здружението за развој на Ромската заедница
33. АДРР Сонце – Тетово
34. Здружение Глобал
35. Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа
36. КХАМ – Делчево
37. Романо Чачипе – Асоцијација за развој и промоција на ромската заедница
38. НРЦ – Национален ромски центар
39. Здружение Центар за образовна поддршка Дендо вас од Скопје.
40. ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците
41. Ромалитико – Институт за истражување и анализи на политики
42. Здружението на просветни работници и заштита на права на жените и децата Роми ЛИЛ
43. Ромска aсоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ”
44. Амбрела – Центар за интеграција
45. Станица П.Е.Т.
46. Визија Кавадарци
47. Организација на жени – Велес
48. Организација на жени – Скопје
49. Кортекс Тетово
50. НВО инфо центар
51. Македонско здружение на млади правници
52. Tакт
53. Здружение за родова еднаквост – Една Може
54. Женска Акција – Радовиш
55. Кризен Центар – Надеж
56. Женска граѓанска иницијатива ,,КЛЕА“, Битола
57. Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
58. Здружение ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки, Скопје
59. Здружение за поддршка на маргинализирани работници – СТАР-СТАР, Скопје
60. Црвен крст на Република Северна Македонија
61. Опција Охрид, Охрид
62. Зона, Кавадарци
63. ХЕЛП – Гостивар
64. Младински клуб – Штип
65. Здружение за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции – Избор, Струмица
66. Асоцијација за здрави животни стилови ПУЛС – Куманово
67. Центар за развој на граѓанско општество Виа Вита – Битола
68. Здружение Доверба – Скопје
69. ИЧП – Институт за човекови права
70. Организација на жени од Струмица
71. ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена
72. КСП Центар – Јадро
73. Здружение – Проектен простор прес ту екзит
74. Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
75. Здружение за литература, култура и уметност – Галикул
76. Здружение на уметници Културен центар Медиа Артес – Охрид
77. Здружение на јавни службеници на Северна Македонија
78. ЗМАИ – Здружение за истражување и анализи
79. Рурална Коалиција
80. Здружение Факултет за работи кои не се учат
81. Национална асоцијација за континуиран одржлив развој и демократија – КОРД Скопје
82. Центар за социјални Иницијативи Надеж – Скопје
83. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
84. Организација на жени на град Скопје
85. Коалицијата Сите за правично судење
86. Центар за правни истражувања и анализи
87. Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД Куманово
88. Центар за истражувања и анализи НОВУС Струмица
89. Центар за младински актинизам – Крик
90. Фондација за локален развој и демократија Фокус – Велес
91. Здружение на млади Креактив
92. Скај Плус Струмица
93. ЕХО едукативно хуманитарна организација
94. З.Г. НЕКСУС Граѓански концепт – Скопје

Tags: , , , , ,